Линкови за пристапност

Двојазично училиште им помага на украинските деца да се интегрираат во Унгарија


Двојазично училиште им помага на украинските деца да се интегрираат во Унгарија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:03 0:00

Двојазично училиште им помага на украинските деца да се интегрираат во Унгарија. Според ОН војната во Украина раселила повеќе од 6 милиони луѓе. Повеќе од 60.000 од нив - главно жени и деца - сега живеат во Унгарија. Од Будимпешта известува Мирослава Гонгадзе

Ова е спортски натпревар во новото украинско унгарско училиште во Будимпешта. Училиштето беше отворено во септември. Оваа учебна година се запишале повеќе од 340 ученици раселени поради војната во Украина. Во ова двојазично украинско-унгарско училиште има часови од прво до 12 одделение.

Овде децата можат безбедно да го продолжат школувањето, да учат унгарски и да се интегрираат во унгарскиот образовен систем.

„Работиме како редовна унгарска образовна институција регистрирана како двојазично украинско-унгарско училиште и гимназија. По завршувањето, тие можат да положат испити за да аплицираат за факултет“, вели Олена Бескоровина, ко-основачка на училиштето.

Беа потребни две години за училиштето да се акредитира, со помош на украинската Влада, нејзината амбасада во Будимпешта и портпаролот на украинското малцинство во унгарскиот Парламент.

Основачите велат дека украинската заедница го финансирала училиштето со приватни донации, додека унгарската Влада ги плаќа платите на 30 украински наставници.

Но, тие велат дека сè уште им недостасуваат пари за опрема, одржување на објекти, учебници и програми надвор од наставата.

Ротари клубот во Будимпешта вели дека се обидува да помогне. Викторија Грисмилер е потпретседателка на клубот.

„Мислам дека тоа е најдобрата инвестиција што можеме да ја направиме, да инвестираме во децата, бидејќи тие се иднината на Украина. Овие деца бегалци наскоро ќе се вратат во Украина, се надеваме откако ќе заврши војната, и тие ќе ја обноват земјата. Значи, треба да им го дадеме најдоброто можно образование“, објаснува Грисмилер.

Таа додава дека на децата им е потребна и психолошка поддршка.

„Имаа многу проблеми дома, ги загубија домот и училиштата. Нивните татковци во повеќето случаи се војници. Значи, тие навистина доаѓаат со многу стрес овде и треба да се справиме со тоа“, вели Грисмилер.

Многу ученици се далеку од традиционалните училници веќе четири години, прво поради пандемијата на ковид-19, а потоа и поради руската инвазија на Украина во 2022 година.

Наставниците овде велат дека им помагаат на децата да ги развијат своите социјални вештини, покрај тоа што им помагаат и да го зачуваат нивните украински идентитет и култура. Тие велат дека и двете се важни за иднината на децата и иднината на Украина.

„Гледајќи ги овие млади луѓе, особено средношколците, постои надеж дека тие ќе се вратат и ќе помогнат во обновата на земјата од урнатините во кои се наоѓа сега, бидејќи тие веќе се доволно свесни да го покажат тоа преку своите постапки“, вели Ирина Ленден, наставничка.

Таа вели дека студентите растат и учат брзо, а многумина планираат да се вратат во Украина со своите семејства.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG