Линкови за пристапност

Мијатовиќ загрижена за медиумите во Македонија, најави средба со владата


Мијатовиќ загрижена за медиумите во Македонија, најави средба со владата
Мијатовиќ загрижена за медиумите во Македонија, најави средба со владата

Претставникот на ОБСЕ вели дека она што сега се случува во Македонија не може да служи за пример.

Претставникот на ОБСЕ за слободата на медиумите Дуња Мијатовиќ, која петокот во Вашингтон учествуваше на распит вo Американската хелсиншка комисија за слободата на Интернет, за Гласот на Америка на македонски на маргините на настанот изјави дека е загрижена за ситуацијата со Македонија.

„Следам се` што се случува таму. Причинува голема загриженост, бидејќи се надевам дека земјите од Балканот, или Западниот Балкан, како што не нарекува Европската комисија, ќе служат за пример за други делови од светот. За жал, она што се случува во поранешната југословенска република Македонија не може да се смета за добар пример“, рече Мијатовиќ.

Најведувајќи дека веќе во два наврата реагирала со соопштенија, Мијатовиќ планира наскоро да ја посети Македонија и да се сретне со владини претставници.

„Се надевам дека наскоро ќе го посетам Скопје за да дискутирам со властите за ова. Истовремено, чекам и да се формира новата влада, за да можам пред неа да го покренам прашањето. Не се работи само за А1. Има вести и за амандмани на Законот за радиодифузија и составот на Советот за радиодифузија. Има и уште еден весник што се соочува со одредени проблеми. Се` на се`, ситуацијата во врска со слободата на медиумите во моментов во голем дел е на врвот на мојот дневен ред“ изјави Мијатовиќ за Гласот на Америка.

XS
SM
MD
LG