Линкови за пристапност

Амнести интернешенал бара македонската влада да престане со замолчување на медиумите што ја критикуваат


Амнести интернешенал бара македонската влада да престане со замолчување на медиумите што ја критикуваат
Амнести интернешенал бара македонската влада да престане со замолчување на медиумите што ја критикуваат

Македонските власти мора да престанат со обидите да ја згаснат слободата на изразување, вели Амнести интернешенал , откако три весници во земјата беа затворени.

Македонските власти мора да престанат со обидите да ја згаснат слободата на изразување, вели Амнести интернешенал , откако три весници во земјата беа затворени.

Весниците Шпиц, Време и Коха е ре, чиј сопственик е медиумскиот магнат Велија Рамковски, биле затворени во текот на викендот, наводно заради неплатени даноци што ги бара владата.

„Овие затворање, сумите што се бараат, и условите на исплата, се чини дека се политички мотивирани“, кажа Никола Дакворт, директор на Амнести интернешенал за Европа и Централна Азија.

Тој додаде дека ова не е изолиран инцидент, туку конфронтација со медиумите критични спрема владата што се одвива во текот на изминатава година и дека се` повеќе личи на напад со сите средства врз слободата на изразувањето.

Велија Рамковски беше затворен во декември 2010 заради избегнување на плаќање даноци, и е познат по сопственоста на медиуми кои се критични спрема премиерот Никола Груевски, вклучувајќи ја и најпопуларната тв-мрежа во Македонија, А1.

Владата бара медиумите да платат 10 милиони евра во заостанати даноци или во спротивно да се соочат со затворање, и ги одби барањата исплатата да биде извршена во рати. Постои стравување дека А1 може да биде следната што ќе биде затворена од властите.

Заканата за затворање на весниците на Велија Рамковски порано годинава претходеше на излегување на опозицијата од парламентот. Како резултат на тоа, владата организираше брзи избори во јуни, кои ги доби.

„Се плашиме дека премиерот Никола Груевски го користи новиот мандат како изговор за изолирање, маргинализација и замолчување на медиумите критични спрема владата“, кажа Никола Дакворт.

Македонските новинари постојано тврдат дека владата се меша во нивната работа, преку затворање на прес-конференциите за нив, судски постапки и смртни закани.

Дакворт вели: „Слободните медиуми се фундаментални за сечие право на слободно изразување, што вклучува право да се бара, прима и пренесува информации и идеи од секаков вид“.

XS
SM
MD
LG