Линкови за пристапност

Додека мажите се во војска: Сè повеќе жени работат во рудниците во Украина


Додека мажите се во војска: Сè повеќе жени работат во рудниците во Украина
please wait
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 720p
  • 1080p

No media source currently available

0:00 0:03:35 0:00
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 720p
  • 1080p

Додека мажите се во војска, сè повеќе жени работат во рудниците во Украина. Гласот на Америка беше во еден од рудниците за јаглен. Прецизната локација на рудникот и целосните имиња на рударите не се откриени поради безбедносни причини.  Известува Лесиа Бакалец

На 235 метри во ова рударско окно, многу работнички жени во Украина работат на нови пробивања. Олена е заедно со рударите. Таа со лифт ги спушта и крева нив но, и товарот.

„Прочитав оглас во кој пишуваше дека се потребни работници и веднаш се пријавив“, вели Олена, која работи тука една и пол година.

„За да се расположам себеси и другите рудари, ги нацртав овие смешни цртежи. Кога уморните рудари се враќаат дома од смена, ги гледаат и сите почнуваат да се смеат“, додава Олена.

Настија се спушта длабоко во тунелот за да стигне до нејзиниот работен простор. Таа управува со жичарница што ги превезува рударите подолу низ рудникот.

„Роднините беа шокирани бидејќи порано само мажите работеа како рудари. Но, со ситуацијата во Украина, помагаме колку што можеме“, вели Настиа.

Целосната руска инвазија предизвика недостаток на работна сила во украинските рудници, бидејќи многу мажи беа мобилизирани. Приватната енергетска компанија ДИТЕК, која поседува рудници во регионот на Дњепропетровск, бележи драматичен недостиг на кадар.

„Пред 2022 година во рудниците ДИТЕК работеа околу 20 илјади луѓе. Во вооружените сили на Украина во моментов има 3.500 лица. Ова е бројот на вработени што е еквивалентен на еден цел рудник“, вели Јевен, главен инженер.

Компанијата започна да вработува жени летото 2022 година - откако украинскиот парламент ја паузираше забраната за жените да работат на тешки и опасни подземни работни места.

„Ги анализиравме работните места кои можат да ги привлечат жените, како да ги обучиме. Беа потребни околу три месеци за обука. Исто така, поставивме и цел да не ги вклучуваме жените во особено физички тешки работи“, додава Јевен.

Жените управуваат со патиштата, доставуваат рудари на нивните работни места, го контролираат квалитетот на воздухот и вршат поправки, како Олена.

„Денес ги заменивме ролерите на транспортерот. Го отстранивме овој ролер... гледате во каква состојба е - и инсталиравме нов“, посочува Олена.

Како што жените ги исполнуваат ваквите работни места, мажите се префрлаат во други делови од рудникот каде што работата е поопасна и физички потешка.

„Јас управувам со оваа машина што ја транспортира карпестата маса што се извлекува од тунелите. Воопшто не е тешко, тоа само возење на машината“, вели Ирина.

Ирина вели дека оваа работа е стабилна и добро платена, и додава дека, тоа и дава можност да придонесе за енергетската стабилност на Украина.

„Да бидам искрена, да нема војна, јас не би ја избрала оваа работа. Но, во моментов, секој од нас Украинците се обидува да ја поддржи нашата победа“, посочува Ирена.

Многу од машките рудари, како Ихор, ја поздравуваат помошта.

„На почетокот на целосната инвазија, моравме да работиме две смени по ред. Сега работниот тек е подобар. Имав стереотипи, но сега гледам дека жените одлично се снаоѓаат во рудникот“, вели Ихор.

Според ДИТЕК, 550 жени работат во рудниците на компанијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG