Линкови за пристапност

Блинкен се соочи со критики во Конгресот за повлекувањето од Авганистан


Сослушувањето доаѓа при крајот на дипломатската кариера на Блинкен, со само неколку недели до преземањето на функцијата на  новоизбраниот претседател Доналд Трамп
Сослушувањето доаѓа при крајот на дипломатската кариера на Блинкен, со само неколку недели до преземањето на функцијата на  новоизбраниот претседател Доналд Трамп

Државниот секретар Ентони Блинкен се појави денес пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом за последен пат да се соочи со прашања за некои од најтемните моменти од претседателствувањето на Џо Бајден: повлекувањето на САД од Авганистан.

Сослушувањето доаѓа при крајот на дипломатската кариера на Блинкен, со само неколку недели до преземањето на функцијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп и на крајот од претседавањето на Мајкл Мекол, кој повеќе нема да ја води комисијата во следниот Конгрес.

„Овој катастрофален настан беше почеток на неуспешната надворешна политика која го запали светот“, рече Мекол, републиканец од Тексас, во својата воведна изјава.

„Го поздравувам вашето сведочење денес и се надевам дека ќе ја искористите оваа прилика да преземете одговорност за катастрофалното повлекување“.

Се очекуваше Блинкен да ја брани одлуката за повлекување на американските трупи во август 2021 година.

Тој претходно рече дека администрацијата на Бајден е „сериозно ограничена“ од одлуките на Трамп и оние на претходните претседатели.

Неговото долгоочекувано сведочење доаѓа неколку месеци откако републиканците во Претставничкиот дом објавија жесток извештај за нивната истрага за повлекувањето, обвинувајќи ја администрацијата на Бајден за катастрофалниот крај.

Тие ја минимизираа улогата на Трамп во неуспесите, иако тој го потпиша договорот со талибанците за повлекувањето.

Хаотичниот излез остави зад себе многу американски граѓани, сојузници на авганистанското бојно поле, жени активистки и други загрозени од талибанците.

Претходните истраги и анализи укажаа на системски неуспех што ги опфаќа последните четири претседателски администрации и заклучија дека Бајден и Трамп ја делат најголемата вина.

XS
SM
MD
LG