Линкови за пристапност

Американскиот воен врв ќе сведочи во Конгресот за повлекувањето од Авганистан


Претставниците на американската војска денеска ќе се соочат со тешки прашања за војната во Авганистан и за хаотичните последни недели пред повлекувањето на силите од оваа земја по 20 годишно присуство таму.

Секретарот за одбрана Лојд Остин, началникот на Генералштабот генералот Мајк Мајли и шефот на американската централна команда генералот Кенет Мек Кензи треба да се појават пред комитетот за вооружени сили во Сенатот на сослушување за крајот на воените операции во Авганистан, како и за идните антитерористички планови на војската.

Претставниците на војската треба да сведочат и утре пред комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом.

Пентагон ја брани операцијата за повлекување која вклучуваше и евакуација која извлече повеќе од 120 илјади луѓе од Авганистан додека Талибанците повторно ја преземаа контролата во земјата.

Операцијата се состоеше и од многу хаотични денови на меѓународниот аеродром во Кабул, вклучително и самоубиствен бомбашки напад во кој загинаа 13 припадници на американските вооружени сили и 169 Авганистанци.

XS
SM
MD
LG