Линкови за пристапност

Унгарија не брза да го ратификува приемот на Шведска во НАТО, рече Орбан


Се прашувам дали има нешто итно што би не` принудило да ја ратификуваме кандидатурата на Шведска за НАТО. Не можам да видам таква околност, рече тој
Се прашувам дали има нешто итно што би не` принудило да ја ратификуваме кандидатурата на Шведска за НАТО. Не можам да видам таква околност, рече тој

Унгарија не брза да го ратификува приемот на Шведска во НАТО, изјави премиерот Виктор Орбан во парламентот денес, означувајќи го дополнително одложување на процесот што е заглавен во парламентот од јули 2022 година.

„Се прашувам дали има нешто итно што би не` принудило да ја ратификуваме кандидатурата на Шведска за НАТО. Не можам да видам таква околност“, рече тој.

Шведска и Финска заеднички аплицираа за членство во мај минатата година, при што двете нордиски нации ја наведоа огромната поддршка од народот за идејата среде руската инвазија на Украина. Членството на Финска беше финализирано во април.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека приемот на Шведска ќе биде негативен за безбедноста на Русија.

XS
SM
MD
LG