Линкови за пристапност

Зеленски рече дека Унгарија нема причина да го блокира влезот на Украина во ЕУ


Повеќето од 27-те членки на ЕУ сакаат да отворат разговори за пристапување на Украина на самитот оваа недела и да договорат милијарди евра за дополнителна поддршка за Киев во неговата војна против руската инвазија
Повеќето од 27-те членки на ЕУ сакаат да отворат разговори за пристапување на Украина на самитот оваа недела и да договорат милијарди евра за дополнителна поддршка за Киев во неговата војна против руската инвазија

Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека унгарскиот премиер Виктор Орбан нема причина да го блокира членството на Украина во Европската Унија (ЕУ).

„Бев многу директен... Тој нема причини да го блокира членството на Украина во ЕУ. Го замолив да ми каже една причина... (сè уште) чекам одговор“, рече Зеленски за неговата кратка средба со Орбан во недела во Аргентина.

„Мислам дека мораме да организираме многу конструктивен состанок меѓу нашите земји... (реков) дека мораме да зборуваме, да се сретнеме и да ги решиме проблемите... но навистина не гледам никакви глобални (значајни) проблеми“, рече Зеленски во Осло.

Повеќето од 27-те членки на ЕУ сакаат да отворат разговори за пристапување на Украина на самитот оваа недела и да договорат милијарди евра за дополнителна поддршка за Киев во неговата војна против руската инвазија.

Но и двата потези се блокирани од Унгарија. Зеленски, кој е во посета на Норвешка на разговори со лидерите на нордиските земји за поголема помош за Украина, исто така, рече дека операциите на бојното поле секогаш забавувале во зима.

XS
SM
MD
LG