Линкови за пристапност

Белата куќа бара Израел да работи на пауза во војната во Газа


Џон Кирби, портпарол на Белата куќа за национална безбедност, им рече на новинарите дека е постигнат одреден напредок во преговорите кон хуманитарна пауза, но дека останува да се направи уште работа
Џон Кирби, портпарол на Белата куќа за национална безбедност, им рече на новинарите дека е постигнат одреден напредок во преговорите кон хуманитарна пауза, но дека останува да се направи уште работа

Белата куќа денес го притисна Израел да работи на пауза во конфликтот во Газа за да се ослободат повеќе заложници држени од Хамас, и брзо да го зголеми протокот на хуманитарна помош за палестинските цивили.

Џон Кирби, портпарол на Белата куќа за национална безбедност, им рече на новинарите дека е постигнат одреден напредок во преговорите кон хуманитарна пауза, но дека останува да се направи уште работа.

„Продолжуваме да поддржуваме продолжената хуманитарна пауза“, рече Кирби.

Тој зборуваше еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и му рече дека воената операција во Рафа „не треба да продолжи“ без план за заштита на цивилите таму.

Кирби ја поздрави веста дека израелската војска ослободила двајца заложници за време на рацијата на специјалните сили во јужниот кварт Рафах во Газа.

Тој рече дека не може да има крај на кризата во Газа додека Хамас не ги ослободи сите заложници.

XS
SM
MD
LG