Линкови за пристапност

Блинкен во Израел за можноста за привремен прекин на огнот во Газа


„Фокусирајте се на заложниците и како да се вратат дома кај нивните семејства“, порача Блинкен.
„Фокусирајте се на заложниците и како да се вратат дома кај нивните семејства“, порача Блинкен.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во четвртокот се состана со членовите на Кабинетот на Израел во Тел Авив, додека го посетува Блискиот исток, обидувајќи се да издејствува поттик, што може да донесе одредена пауза во војната на Израел против Хамас.

„Многу е добро да се биде со г-дин Ганц, г-дин Ајкот, да имаме можност да разговараме за тоа каде сме, и предизвиците со кои се соочуваме. Се разбира, фокусирајте се на заложниците и како да се вратат дома кај нивните семејства“, изјави Блинкен.

„Најитното прашање е, се разбира, да се вратат заложниците. Ако тоа се направи, многу работи може да се постигнат.“, оцени Бени Ганц член на воениот Кабинет на Израел.

Во средата, Блинкен рече дека уште е можен договор за прекин на огнот и ослободување заложници меѓу Израел и Хамас, и покрај тоа што двете страни се далеку една од друга во главните предуслови за евентуален договор.

Хамас сè уште држи над 130 заложници, но се верува дека околу 30 од нив се мртви.

Војната во Газа влезе во својот петти месец, убивајќи повеќе од 27.000 Палестинци, раселувајќи голем дел од населението на територијата и предизвикувајќи хуманитарна катастрофа.

XS
SM
MD
LG