Линкови за пристапност

Бајден денес ќе им оддаде почит на жртвите во масовното убиство во Мејн


На 25 октомври, вооружен маж пукаше врз луѓе во куглана и бар во Левистон, убивајќи 18, а повреди 13
На 25 октомври, вооружен маж пукаше врз луѓе во куглана и бар во Левистон, убивајќи 18, а повреди 13

Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден денес ќе се сретнат со семејствата и жртвите при масовното пукање во градот Левистон, Мејн.

Патувањето ќе биде уште еден тест за способноста на Бајден да ги утеши луѓето погодени од трагедија, едвај две недели откако тој се сретна во Тел Авив со преживеаните од нападот на милитантите на Хамас во кој загинаа 1.400 луѓе во јужен Израел.

На 25 октомври, вооружен маж пукаше врз луѓе во куглана и бар во Левистон, убивајќи 18, а повреди 13.

Убиецот беше идентификуван како Роберт Р. Кард (40), резервист на американската армија.

Тој си го одзел животот во товарна приколка паркирана на местото на фабриката за рециклирање каде што некогаш работел.

Стефани Фелдман, директорка на Канцеларијата за спречување на огнено насилство во Белата куќа, рече дека Бајден ќе се сретне со членовите на семејството, членовите на заедницата и лицата кои први реагираа лично погодени од пукањето.

Бајден треба да се обрати во 4:15 часот локално време.

„Закрепнувањето од овој напад ќе биде долго и тешко, а претседателот Бајден е посветен на собирање ресурси од целата федерална влада за да го поддржи Левистон на секој чекор“, рече таа.

Таа, исто така, рече дека Бајден ќе продолжи да го повикува Конгресот да постапи по законодавството за безбедност на оружјето кое е закочено.

XS
SM
MD
LG