Линкови за пристапност

Сѐ уште се трага по лицето Роберт Кард кое застрела и уби 18 лица во Мејн


Стотици полицајци и агенти за спроведување на законот во сојузната американска држава Мејн денеска беа вклучени во потрагата по 40-годишен маж кој властите го поврзаа со убивањето на 18 лица во малиот град Левистон.

Началникот на полицијата на државата Мејн, полковник Вилијам Рос, на утринската прес-конференција изјави дека осомничениот Роберт Кард „треба да се смета за вооружен и опасен“ и дека сите луѓе кои би можеле да го сретнат треба да повикаат полиција наместо да се соочуваат со него.

Полицијата соопшти дека Кард, обучен инструктор за огнено оружје и член на резервниот состав на Армијата на САД, кој неодамна пријавил дека има проблеми со менталното здравје, влегол во кугларницата доцна во средата и испукал голем број куршуми од полуавтоматска пушка.

Потоа, според властите, 12 минути подоцна отворил оган и во ресторан недалеку од првичната локација.

Седум лица биле убиени во кугланата и осум во ресторанот, а тројца други починале од прострелните рани во болница. Во хаосот беа повредени уште 13 други.

Најсмртоносното модерно масовно убиство во САД е масакрот на 58 луѓе од вооружен маж кој пукал на фестивал на кантри музика во Лас Вегас од висококатница во хотел во 2017 година.

Некои материјали во овој извештај се од Ројтерс.

XS
SM
MD
LG