Линкови за пристапност

Најмалку 16 мртви во пукање во Мејн


Најмалку 16 лица се убиени во пукање во Левистон, Мејн, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми, изјавија двајца претставници од полицијата за Асошиетед прес.

Официјалните лица изјавија дека повеќе луѓе биле ранети.

Сè уште се собираат докази.

Полицијата трага по човекот кој отвори оган на две локации во градот Мејн.

Полицијата во Левистон во претходна објава на Фејсбук соопшти дека се занимавала со активен инцидент со пукање.

Градските власти не коментираат за пукањето.

Сенаторот од Мејн Ангус Кинг рече дека е „тажен за градот Левистон и сите оние кои се загрижени за своето семејство, пријателите и соседите“ и оти ја следи ситуацијата.

Кабинетот на Кинг соопшти дека сенаторот ќе се упати директно во Мејн откако ќе се одржи последното гласање во Сенатот в четврток попладне.

XS
SM
MD
LG