Линкови за пристапност

Бајден и првата дама в петок ќе одат во Мејн по масовното убиство на 18 луѓе


Убиството го изврши Роберт Р. Кард (40), резервист на американската армија
Убиството го изврши Роберт Р. Кард (40), резервист на американската армија
Aмериканскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден ќе отпатуваат в петок во Левистон, Мејн, каде 18 лица беа застрелани и убиени во бар и куглана минатата недела, соопшти денес Белата куќа.
Роберт Р. Кард (40), резервист на американската армија, го изврши убиството, а потоа си го одзел животот во товарна приколка паркирана на местото на фабриката за рециклирање каде што некогаш работел.
„Претседателот и првата дама ќе им оддадат почит на жртвите од овој ужасен напад и ќе жалат со семејствата и членовите на заедницата, како и ќе се сретнат со давателите на првата помош, медицинските сестри и другите на првите линии на одговорот“, соопшти Белата куќа.
XS
SM
MD
LG