Линкови за пристапност

Американскиот народ е со вас, им рече Бајден на преживеаните на Хаваи


Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден пристигнаа на Хаваи денес за да се сретнат со официјални лица и преживеани и да ги испитаат штетите од шумските пожари што го опустошија Мауи.

Пожарите на почетокот на овој месец го уништија градот Лахајна, а загинаа најмалку 114 луѓе.

„Фокусирани сме на она што е следно. Тоа е обнова на долг рок и тоа заедно“, рече Бајден, видно трогнат по обиколката на Лахајна.

Тој додаде дека ќе се погрижи „вашите гласови да се слушнат“.

„Американскиот народ стои со вас“, им рече тој на преживеаните во шумските пожари на 8 август, стоејќи покрај гувернерот Џош Грин, сенаторите на Хаваи и претставникот на Мауи во Конгресот.

„Колку што е потребно, ние ќе бидеме со вас“.

Гувернерот Грин рече дека билансот се очекува да се зголеми со напорите за пронаоѓање на исчезнатите лица кои сè уште се во тек.

Грин изјави за Си-Би-Ес во неделата дека тимовите за пребарување поминале низ 85% од зоната за пребарување, но дека останатите делови може да потраат со недели.

Тој рече дека повеќе од 1.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати.

Дел од информациите во текстот се од АП и Ројтерс

XS
SM
MD
LG