Линкови за пристапност

Бајден ќе ги посети Хаваите по шумските пожари


Повеќе од 1 000 луѓе сè уште се водат како исчезнати.
Повеќе од 1 000 луѓе сè уште се водат како исчезнати.

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе отпатува на Хаваи за да оствари средби по шумските пожари што го опустошија Мауи. Тој ќе се сретне со официјални лица и преживеани и од близу ќе ги погледне штетите.

Белата куќа соопшти дека Бајден и првата дама Џил Бајден „од прва рака ќе ги видат последиците од шумски пожари“, како и дека ќе разговараат за напорите за закрепнување.

Пожарите на почетокот на овој месец го уништија приморскиот град Лахаина, при што загинаа најмалку 114 луѓе. Гувернерот Џош Грин изјави дека се очекува билансот да се зголеми со напорите за пронаоѓање на исчезнатите лица кои се уште се во тек.

Грин во неделата на „CBS“ рече дека тимовите за пребарување поминале низ 85% од зоната за пребарување, но дека останатите делови може да потраат со недели. Тој рече дека повеќе од 1 000 луѓе сè уште се водат како исчезнати.

„Ќе се погрижам за нашето закрепнување да дојде што е можно побрзо“, рече Грин.

Дел од информациите доаѓаат од Асошиетед прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG