Линкови за пристапност

Речиси 300.000 Кинези студираат во САД, а само 700 Американци во Кина


Речиси 300.000 Кинези студираат во САД, а само 700 Американци во Кина
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:09 0:00

Речиси 300.000 Кинези студираат во САД, а само 700 Американци во Кина. Тоа ги прави кинеските студенти најголема меѓународна студентска група на американските универзитети. Кон што води оваа нерамнотежа во бројот на студентите. Анализа на Кетрин Мајклсон.

Времето на студирање на Маја Алтшулер во Кина било незаборавно. Дел добро, дел малку непријатно.

„Сите очи беа вперени кон нас, американските студенти“, објаснува Алтшулер.

Препораките за патување и генерално тензиите меѓу САД и Кина не ја спречиле Алтшулер да стане една од само 700 американски студенти кои студирале во Кина минатата година.

Спротивно на тоа, околу 290.000 кинески студенти биле на американските универзитети во 2023 година, што ги прави најголема меѓународна студентска група. Ова е според Стејт департментот на САД, кој издава меѓународни студентски визи.

Оваа нееднаква студентска размена е проблематична, вели аналитичарот за односите САД-Кина Али Вајн.

„Со оглед на залогот од најкритичните билатерални односи во светот, сакате поголема размена на студенти, а не помала. Тие размени ни овозможуваат да стекнеме разбирање за јазикот и културата на нашите соговорници“, вели Вајн.

Наместо да се одлучат за Кина, поголемиот дел од американските студенти избираат да студираат на дестинации со слична култура, тренд што се рефлектира и на колеџот Велсли.

„Чувствувам дека она што го видовме по пандемијата е дека нашите студенти се малку помалку авантуристи во однос на тоа каде би сакале да патуваат. Значи, гледаме дури и зголемени уписи особено во Обединетото Кралство, со најпопуларни програми во Оксфорд, а потоа и во Данска“, посочува Џенифер Томас Старк од колеџот „Велсли“.

За разлика од нејзините американски колеги, студентката од Кина Равен Ванг, донела одлука да студира во земја со различна култура.

Сега, три години, студентка на меѓународни односи на Универзитетот Џорџ Вашингтон, таа вели дека нејзиното образование во САД ја изложило на нови перспективи, за разлика од она што го учат нејзините пријатели во Кина.

„Тие рекоа дека најчесто учат за социјализам, како марксизам или такви теории. Но, овде, ние исто така учиме и демократија и капитализам, не учиме само за (тие теории). Мислам дека се трудат максимално да ни направат непристрасно проучување“, вели Равен Ванг, кинески студент во САД.

Алтшулер вели дека нејзиното искуство во Кина било спротивно на она што таа го претпоставувала.

„Пред да одам во Кина, мислев дека Кина е излоирано место во кое информациите не доаѓаат до луѓето, дека тие се изложени на пропаганда и оти генерално се многу угнетувани, што на одредено ниво е точно. Но, откако отидов во Кина и живеев таму, тоа мислење многу ми се промени. Дефинитивно не е така“, вели Алтшулер.

Алтшулер сака да се врати во Кина во иднина, додека Ванг вели дека планира да најде работа во Америка по дипломирањето.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG