Линкови за пристапност

Аналитичари: Русија со воените бродови кај Куба покажува сила кон САД и Западот


Аналитичари: Русија со воените бродови кај Куба покажува сила кон САД и Западот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:10 0:00

Руски воени бродови пристигна во кубанските води за да извршат заеднички маневри со кубанските вооружени сили – посета за која Москва и Хавана уверуваат дека не претставува закана за регионот. Но, западните влади ситуацијата ја следат внимателно. Известува Рикардо Маркина.

Бродови на руската морнарица влегуваат во пристаништето во Хавана. Меѓу нив се издвојуваат воениот брод Горшков и нуклеарната подморница Казан. Руското Министерство за одбрана уверува дека ниту еден од овие воени бродови не носи нуклеарно оружје и дека оваа посета не претставува закана за никого.

Набљудувачите ова го гледаат како обид на Кремљ да му покаже на светот дека Русија има сојузници во Латинска Америка.

„Во контекст на целосната инвазија на Русија на Украина во 2022 година, таа додаде дополнителна провокација, сега Русија покажува дека не е сама, не е изолирана во меѓународната заедница и дека сè уште може да дејствува со други сили, воено кажано и демонстрираат присуство, сила и распоредувања“, вели Матје Булег од Чатам Хаус.

Но, при тензии меѓу Русија и Западот, Вашингтон не го гледа ова како рутинска посета, а набљудувачите внимателно ја следат ситуацијата откако американскиот претседател Џо Бајден одобри употреба на американско оружје од Украина против цели на руска територија.

Некои западни безбедносни аналитичари велат дека физичката закана од руската морнарица во овие води е минимална.

„Способноста на руската морнарица да одржува секаков вид на позиција против американската морнарица може да биде на ваков вид растојание. Во САД е ограничена до крајност.“, вели Сидарт Кушал, од Кралскиот институт за Обединети услуги.

Пристигнувањето на руските воени бродови во Хавана потсетува на кубанската ракетна криза од 1962 година, кога САД и советскиот Сојуз беа на работ на нуклеарна конфронтација.

„Дојдовме поблиску од кога било до разнесување на светот. САД не беа свесни дека советскиот Сојуз всушност ги донеле експлозивните уреди на островот“, посочува Филип Бернер од Американскиот универзитет.

Ова е повеќе од демонстрација на сила – аналитичарите сметаат дека Москва испраќа порака дека иако е соочена со меѓународна изолација, таа сè уште има пријатели во далечните делови на светот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG