Линкови за пристапност

Кинеска новинарка изложена на закани и во егзил


Кинеска новинарка изложена на закани и во егзил
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:54 0:00

Кога кинеската новинарка Су Јутонг побегна од својата земја во 2010 година, мислеше дека ќе биде безбедна. Но, дури и во егзил во Германија, репортерката е мета на Кина. Од Берлин, Лиам Скот.

На Су Јутонг, готвењето ѝ е хоби. Готвењето јадења што ги сакаше во Пекинг ја поврзува новинарката со нејзината родна земја и ѝ помага да се пополнат долгите временски периоди кои ги минува дома сама. Причината за нејзината самонаметната изолација: години на напади и закани од Кина.

„Постојано ја кажувам вистината, но Кина сака да ме замолчи, вклучително и со закани“, вели Јутонг.

Споделувањето на забранета книга на плоштадот Тјенанмен во 2010 година ги започна проблемите на Су. Полицијата упаднала во нејзиниот дом во Пекинг и ја задржала во домашен притвор.

Но, со помош на пријатели, таа избегала во Европа.

Одредено време, главниот град на Германија ѝ даваше чувство на безбедност. Су пишувала стории за човековите права за Дојче веле, а потоа и за Радио Слободна Азија. Но, чувството за безбедност набрзо исчезна.

Во 2022 година, необични мажи почнаа да се појавуваат во нејзината зграда, поради нелегална веб-страница за нудење услуги за секс, на која беше наведена нејзината адреса.

„Се чувствував згрозено и многу понижено и имав некои проблеми со менталното здравје во тоа време. Се плашев да одам по улица“, вели Јутонг.

Потоа беше вклучена во уште полош развој на настани. Во 2023-та, напаѓачите го искористија идентитетот на Су и двајца кинески активисти за да резервираат соби во луксузни хотели во Берлин и други градови. Потоа повикаа лажни закани за бомби.

Експертите велат дека случајот на Су е екстремен дури и за Пекинг, кој е рангиран меѓу најлошите извршители на транснационална репресија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG