Линкови за пристапност

Извесно е доаѓањето на Блинкен во Скопје, владата треба допрва да пресече за Лавров


Блинкен веројатно доаѓа во Скопје за ОБСЕ, за Лавров не се знае
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

Блинкен веројатно доаѓа во Скопје за ОБСЕ, за Лавров не се знае

Речиси е извесно дека Антони Блинкен на крајот на месецот доаѓа во Скопје на Министерскиот совет на ОБСЕ.

Надлежните, се уште се воздржуваат од официјална потврда дека американскиот државен секретар ќе присуствува на овој врвен настан на ОБСЕ кој, годинава поради македонското претседавање се одржува токму во Скопје, но веќе и не кријат дека логистички се подготвуваат за неговиот престој.

„По однос на Блинкен немам индикации дека тој нема да дојде, значи ние се спремаме за доаѓање на државниот секретар на САД.“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи на Северна Македонија.

Друго отворено прашање во пресрет на Министерскиот совет е дали Руската Федерација ќе биде претставена на највисоко дипломатско ниво. Очигледно е дека се уште се тактизира за конечната одлука – дали на Сергеј Лавров да му се дозволи да присуствува на собирот во Скопје и истовремено се „премерува“ каков ефект би имало неговото доаѓање кај одредени земји-членки, на пример Украина, која од февруари 2022 е цел на отворена руска агресија.

Според Османи, на официјално Скопје е да „пресече“ дали Лавров ќе добие „зелено светло“ или не.

Одлуката за санкции на ЕУ не се однесува на настаните од мултилатерален карактер како што е ОБСЕ, оттука е одлука на владите.
Османи, министер за надворешни работи на Северна Македонија

„Одлуката е на Северна Македонија по однос на присуството во согласност со одлуката на ЕУ за санкционирање на одредени лица, нашето приклучување, како тоа присуство би се одразило итн... Наредните денови ќе излеземе со конечен став како ќе одговориме на барањето за учество на делегацијата, на кое ниво и во колкав број. Се надевам дека ќе успееме сите да бидеме присутни во Скопје. Одлуката за санкции на ЕУ не се однесува на настаните од мултилатерален карактер како што е ОБСЕ, оттука е одлука на владите. Правен основ во ЕУ има. Ние треба таква одлука да донесеме и најмалку една од нашите земји-соседи, Бугарија или Грција за да може да се обезбеди прелет.“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи на Северна Македонија.

Додека се чека конечната одлука за Лавров, во позадина се одвиваат и дипломатски консултации за тоа која земја-членка во 2024 ќе претседава со ОБСЕ.

Првата опција е тоа да биде Естонија, како и што е предвидено, но тоа е малку веројатно поради руското вето.

Втората опција е да се бара некоја друга алтернативна држава да биде претседавач. Третата е да биде продолжен мандатот на актуелниот претседавач – Северна Македонија.

XS
SM
MD
LG