Линкови за пристапност

Според извештајот на ЕК нема прогрес во делот на правосудството, велат од Блупринт групата за реформи во правосудството


Загриженост за владеење на правото во континуитет искажуваат и од Стејт департметот на САД, од каде повикуваат земјата да ги исполни нејзините ветувања за борба против корупцијата, преку опипливи резултати.
Загриженост за владеење на правото во континуитет искажуваат и од Стејт департметот на САД, од каде повикуваат земјата да ги исполни нејзините ветувања за борба против корупцијата, преку опипливи резултати.

Блупринт групата за реформи во правосудството, во која што членуваат неколку граѓански организации, како што Македонското здружение на млади правници,Институтот за европска политика, Институтот за човекови права, Коалиција „Сите за правично судење“, Хелсиншки комитет за човекови права и Центарот за правни истражувања и анализи смета дека забелешките нотирани во последниот извештај на ЕУ за Северна Македонија ги потврдува нивните реакции за состојбите во правосудството и законодавните процеси во земјата.

„Блупринт групата за реформи во правосудството веќе подолго време апелира за значајни состојби во правосудството и законодавните процеси на кои им треба итно внимание и итни мерки за надминување на предизвиците. Интервенциите кои Блупринт групата ги имаше во 2023 година, се јасно нотирани како суштинска реакција на појавите и постапувањата пред се на Судскиот совет, кој во извештајот за напредок на ЕК за 2023 година е детектиран како генератор на загриженост за независноста за судството. Оваа констатација произлегува по скандалозното разрешување на претседателката на Судскиот совет и отсуство од конкретна акција за сочувување на независноста и самостојноста на Судскиот совет што е нотирано од страна на ЕК“, велат од Блупринт групата.

Европска комисија во извештајот ја оценува состојбата во правосудството како непроменета и без напредок. Според Блупринт. овој извештај на ЕК, е еден од ретките каде е констатирано дека во делот на правосудството не е забележан прогрес, што од аспект на исполнување на критериумите од поглавјата 23 и 24 претставува целосно руинирање на сите досегашни постигнувања и напредок токму во овој сегмент.

„Во извештајот е потенцирано дека Судски совет треба да се стреми кон интегритет и независност на судии, како и да се спротистави на секакво надворешно влијание, додека контроверзното разрешување на претседателката ја зголеми загриженоста за несоодветни политички влијанија, како и почитување на законски пропишани процедури и начела“, додаваат од Блупринт групата.

Во извештајот се упатува и на минатогодишните препораки кои не биле спроведени, а кои се однесуваат на донесување нова стратегија за реформи во правосудство 2023 – 2027 без одлагање, како и ревидирање на целосна законодавна рамка за севкупно функционирање на Судски совет со цел зајакнување на владеење на правото, транспарентноста и независноста.

Според нив Европската Унија, особено е загрижена за несоодветната употреба на „европското знаменце“, како и борбата против висок криминал и корупција.

„Токму овие состојби се оценети како загрижувачки, без напредок или со неуспешни мерки за справување“.

Според нив „европското знаменце“ треба да се употребува за директно усвојување закони со основна цел, усогласување со европско законодавство, а не за да се оневозможи или скрати јавна дебата и консултации за исклучително важни прашања.

„Истото е нотирано и во извештајот на РСМ за 2023 поврзано меѓу другото и со неодамнешните измени на Кривичниот законик од септември 2023 година. Во извештајот се потврдува ставот на Блупринт групата дека со користење на „европското знаменце“ се воведоа намалени казни за кривични дела на корупција без разлика што овие измени не се однесуваа за усогласување на националното со EU acquis. Конкретните измени на Кривичниот законик се оценети како загрижувачки, бидејќи влијаат на кривичните постапки, го ограничуваат обемот на истрагите, и ја попречуваат способноста на властите ефективно да ги гонат случаите на висока корупција. Од друга страна, во делот за борба против корупција, присутна е и генералната оценка дека нема напредок, а корупцијата останува сериозно загрижувачко прашање. Со тоа, се потврдува и загриженоста на Блупринт за давање правна основа на хроничната неказнивост на високи фунционери“, велат од Блупринт групата.

За ваквата состојба, доволно говори и намалената доверба во правосудниот систем од страна на граѓаните што сметаат од оваа група граѓански организации дека се должи на неодговорното, непрофесионалното и неетичко однесување на функционерите.

Загриженост за владеење на правото во континуитет искажуваат и од Стејт департметот на САД. Заменик-помошникот државен секретар на САД задолжен за Западен Балкан, Габриел Ескобар, за Гласот на Америка на Македонски неодамна рече дека оние реформи што се потребни за членство во ЕУ треба да се одржат, и оти тие треба да бидат целта кон која се стреми Северна Македонија, а не за домашна политичка добивка на која било од страните.

И од прес- службата на Стејт департментот, изјавија дека Северна Македонија треба да ги исполни нејзините ветувања за борба против корупцијата и оти нејзините лидери мора да покажат силни, опипливи, антикорупциски резултати преку зајакнување на институционалната независност и спречување на политичкото мешање, особено во судствотото, што е од суштинско значење за исполнување на целите за пристапување во ЕУ и градење доверба на граѓаните во владата.

Стејт департментот во јуни годинава го стави актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, на црна листа на САД, поради корупција и наводно мешање во судски и други јавни процеси. Но и по четири месеци од пргласувањето на персона нон- грата, не само што нема судска разрешница, туку со последните измени на Кривничниот законик, добар дел од 16-те се уште активни предмети кои се водат против Мерко, би можеле да застарат.За судската фела измените на Кривичниот законик, се директен упад во судскиот систем.

XS
SM
MD
LG