Линкови за пристапност

Сенаторот Крис Марфи: Непреземање на уставни измени ќе влијае на односите со САД


Марфи: „Знам дека беше долг патот до ЕУ, знам дека многумина, со право, го поставуваат прашањето дали Унијата е реална можност. Тука сум за да ви кажам дека е реална.
Марфи: „Знам дека беше долг патот до ЕУ, знам дека многумина, со право, го поставуваат прашањето дали Унијата е реална можност. Тука сум за да ви кажам дека е реална.

„Уставните измени се неопходни“ – нова порака од САД, овој пат испорачана од влијателен американски сенатор.

Крис Марфи во Скопје беше јасен дека е дојден за да се осигура дека тоа што Вашингтон го кажува во континуитет, од прифаќањето на т.н. француски предлог, во јули минатата година, добро го разбираат сите политичари, и од власта, и од опозицијата.

Притоа, сенаторот кој седи и во Kомитетот за надворешни односи, ја наведе ситуацијата во Украина како нова можност за проширувањето на Унијата кон Западен Балкан која Северна Македонија не смее да ја пропушти.

„Знам дека беше долг патот до ЕУ, знам дека многумина, со право, го поставуваат прашањето дали Унијата е реална можност. Тука сум за да ви кажам дека е реална.
Марфи, американски сенатор

„Знам дека беше долг патот до ЕУ, знам дека многумина, со право, го поставуваат прашањето дали Унијата е реална можност. Тука сум за да ви кажам дека е реална. Многумина истото го велеа и за НАТО, но вие ги презедовте тешките и неопходни чекори за тоа да се оствари – потпишавте историски договор. Сега, има слични чекори кои треба да се преземат за зачленување во ЕУ. Има нова можност во проширувањето во ЕУ – војната во Украина претставува криза, но ја расвести Унијата за потребата од држење на вратата отворена. Нема начин за Украина да влезе во ЕУ без прием и на балканските земји. Ова е нова можност и Северна Македонија не треба да ја пропушти. Овие уставни измени кои се технички промени на Уставот е јасна можност за Северна Македонија да влезе во редот за прием во ЕУ“, изјави Крис Марфи, американски сенатор.

Повтори дека сојузништвото меѓу двете земји е дополнително зајакнато со влезот на земјава во НАТО кое значи безбедносни гаранции и од САД и од Алијансата. Истовремено тоа, според Марфи, се рефлектира и во засиленото присуство на американски компании во земјава. Но, во таа слика, како што кажа, мора да се вклопат и евроинтеграциите. Од Владата, добил уверувања дека нема други алтернативи.

„Сакам уште еднаш, во името на Владата, и во името на нашите граѓани, да му се заблагодарам на Сенаторот за неговата поддршка и доверба кон Владата која ја предводам, и да ја потврдам одлучноста да продолжиме на патот кој го зацртавме, патот на европската интеграција и развој. Одлуката која е пред нас, не е одлука на еден човек, не е одлука на една влада и не е одлука на една политичка партија ова е одлука на сите политички актери во државата. Ние мора да обезбедиме на нашите граѓани да живеат во држава членка на ЕУ.“ изјави Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.

Сепак и покрај ваквата изјава од премиерот, сенаторот не ја пропушти можноста да предупреди дека неуспехот на процесот на уставни измени ќе се рефлектира и врз односите меѓу Вашингтон и Скопје.

„Исто така, сакам да бидам јасен за влијанието врз односите со САД ако Северна Македонија избере друг пат – да се реши против уставни измени, да заталка од патот кон ЕУ... Тоа би било загрижувачки за една членка на НАТО, земја за која се обврзавме дека ќе ја браниме врз основа на заедничките вредности, да го заврти грбот на ЕУ. Затоа, ние сме пријатели, нема да прекинеме да бидеме пријатели, но лидерите во САД го набљудуваат изборот што тука ќе се направи во наредните месеци и се надеваме дека вашиот избор да се приклучите безбедносно во НАТО ќе се надополни со слична одлука да и се приклучите на ЕУ.“, изјави Крис Марфи, американски сенатор.

Марфи, овој период го нарече вистинскиот момент за правење на изборот и дека она што се очекува и во Вашингтон и во европските престолнини се добри вести од Скопје.

XS
SM
MD
LG