Линкови за пристапност

Истражување на Преспа Институт: САД први за демократскиот развој на Северна Македонија, а Србија најпријателска држава


Од 1 500 испитаници 24,2 отсто рекле дека Америка најмногу придонела за демократијата во Северна Македонија, 21,2 проценти одговориле дека ЕУ е најодговорна за економскиот развој.
Од 1 500 испитаници 24,2 отсто рекле дека Америка најмногу придонела за демократијата во Северна Македонија, 21,2 проценти одговориле дека ЕУ е најодговорна за економскиот развој.

САД најмногу имаат придонесено за демократскиот развој на Северна Македонија, ЕУ е прва за економскиот прогрес на земјата, додека Србија се перципира како најпријателска држава – ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на Преспа Институтот спроведено во април и мај.

Од 1 500 испитаници 24,2 отсто рекле дека Америка најмногу придонела за демократијата во Северна Македонија, 21,2 проценти одговориле дека ЕУ е најодговорна за економскиот развој, додека дури 45,3 отсто ја сметаат Србија за најголем пријател, а само 6,8 отсто тоа го кажале за САД.

Србија е прва и на прашањето „со која држава Северна Македонија споделува најмногу вредности или интереси“ со поддршка од 62,8 отсто, Албанија е втора со 14,9 проценти, па Косово со 2,8. За Бугарија се произнеле 1,5 проценти од испитаниците.

Србија продолжува да се качува како најпрепознатлив пријател на нашата држава.
Јордановска, Институт Преспа

„Србија продолжува да се качува како најпрепознатлив пријател на нашата држава. Најважен критериум за тоа се споделуваните вредности и интереси, но не до тој степен во делот на демократијата и економијата.“, изјави Ивана Јордановска од Институтот Преспа.

За изминатите три години порастот во делот на позитивната перцепција за Србија пораснал за дури 30 отсто што, според истражувачите, може да се должи на помошта од Белград со Ковид-вакцините и на надминувањето на црковното прашање.

Кај Русија пак, се забележува пад во споредба со другите години – годинава само 1,1 отсто од испитаниците одговориле дека оваа земја ја сметаат за најголем пријател, што е двојно помалку од лани кога тој процент изнесувал 2,2 отсто.

Во делот на ЕУ, поддршката се уште останува голема, иако има одредено намалување - за 61 процент од испитаниците членството во Унијата е најдобра опција за Македонија, додека 34 отсто одговориле дека треба да се бара некоја друга алтернатива.

61 процент од граѓаните одговориле дека доколку утре се одржи референдум за членство во ЕУ би гласале за, а 30 отсто би биле против.

XS
SM
MD
LG