Линкови за пристапност

Највисоките трговски претставници на САД и Кина се сретнаа во Вашингтон


Одделот за трговија на САД рече дека средбата била дел од тековните напори за одржување на отворени линии на комуникација меѓу САД и Кина
Одделот за трговија на САД рече дека средбата била дел од тековните напори за одржување на отворени линии на комуникација меѓу САД и Кина

Највисоките кинески и американски деловни и трговски претставници вчера се сретнаа во Вашингтон, редок директен разговор меѓу лидерите на двете најголеми светски економии.

Одделот за трговија на САД соопшти дека кинескиот министер за трговија Ванг Вентао и американската секретарка за трговија Џина Рајмонд имале „искрени и суштински дискусии за прашања поврзани со трговските односи меѓу САД и Кина“.

Состанокот вчера, рече Одделот, „беше дел од тековните напори за одржување на отворени линии на комуникација и одговорно управување со односите меѓу САД и Кина“.

Иако американскиот претседател Џо Бајден се сретна со кинескиот лидер Шји Џјинпинг во Бали минатиот ноември, трговските разговори во четвртокот во Вашингтон беа првиот состанок на ниво на влада во главниот град на САД меѓу американски и кинески претставници за време на администрацијата на Бајден.

Ванг е во САД на состанокот на АПЕК 2023 во Детроит вчера и денес.

Во разговорите во Вашингтон, Кина ги изрази своите ставови за односните меѓу САД и Кина и прашањата од заеднички интерес, изјави Кинеското министерство за трговија, на редовниот брифинг во Пекинг.

Рајмонд, државниот секретар на САД Ентони Блинкен, како и секретарката за финансии Џенет Јелен, изразија интерес за посета на Кина.

Дел од информациите во текстот се преземени од Ројтерс

XS
SM
MD
LG