Линкови за пристапност

Кина бара од амбасадите во Пекинг да избегнуваат пропаганда за да не прават спорови


Кинеското министерство за надворешни работи доставилo нота на 8 мај до сите дипломатски претставништва дека тие треба „да ги почитуваат кинеските закони и прописи“, без да дефинира што е пропаганда
Кинеското министерство за надворешни работи доставилo нота на 8 мај до сите дипломатски претставништва дека тие треба „да ги почитуваат кинеските закони и прописи“, без да дефинира што е пропаганда

Кинеската влада побара од странските амбасади во Пекинг да избегнуваат прикажување „пропаганда“ како очигледен одговор во покажување поддршка за Украина.

Владата на кинескиот лидер Шји Џјинпинг вели дека е неутрална во 15-месечната инвазија на Москва на Украина, но ги повтори руските оправдувања за нападот, обвинувајќи ги САД и НАТО за провокација на Москва.

Портпаролот на Европската унија рече дека Одделот за протокол на Кинеското министерство за надворешни работи доставил нота на 8 мај до сите дипломатски претставништва дека тие треба „да ги почитуваат кинеските закони и прописи“ и оти не треба „да ги користат надворешните ѕидови на амбасадите за носење политизирана пропаганда за да се избегне предизвикување спорови меѓу земјите“.

Во белешката не е прецизирано што би можело да претставува „политизирана пропаганда“, ниту пак се соопштува дополнително за ова прашање, рече портпаролката Набила Масрали.

Друг европски дипломат кој побара да остане анонимен поради чувствителноста на ова прашање, ја потврди изјавата на Масрали, велејќи дека Министерството за надворешни работи побарало од амбасадите да не ги користат нивните надворешни ѕидови за „политичка пропаганда“.

Во вербалното барање не се споменува Украина, според дипломатите, но знамињата и плакатите поставени од амбасадите на Канада, Франција, Германија и други влади се единствените јавни изложби на повеќето странски мисии, освен туристичките реклами.

Плакат висок 2 метрa на влезната порта на Финската амбасада ги има знамињата на Финска и Украина и пишува „#Ние стоимеСоУкраина“. Билбордот закачен на Амбасадата на Шведска ја има истата фраза и знамињата на двете земји.

Некои амбасади, исто така, кренаа знамиња со виножито за Неделата на различноста и Меѓународниот ден против хомофобијата и трансфобијата в среда.

Ваквите прашања се сметаат за многу политички чувствителни од страна на владејачката Комунистичка партија во Кина.

Запрашан за потврда и детали, портпаролот на Министерството за надворешни работи рече дека амбасадите се обврзани „да ги почитуваат кинеските закони и прописи“.

„Кина ги повикува амбасадите на сите земји во Кина и претставништвата на меѓународните организации во Кина да ги извршуваат своите должности во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи или релевантните меѓународни договори“, рече портпаролот Ванг Венбин, без да даде дополнителни детали.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG