Линкови за пристапност

САД и Тајван постигнаа трговски договор и покрај притисокот од Кина


Иницијативата, меѓу другото, ќе ја намали бирократијата на царина и ќе го намали времето на чекање за американските бизниси кои носат производи во Тајван
Иницијативата, меѓу другото, ќе ја намали бирократијата на царина и ќе го намали времето на чекање за американските бизниси кои носат производи во Тајван

САД постигнаа трговски договор со Тајван, сигнализирајќи ја поддршката на Вашингтон за островската демократија, која е под зголемен притисок од Кина, објави Асошиетед прес.

Првиот договор во рамките на иницијативата „САД-Тајван за трговија на 21. век“ се очекува да ја постави сцената за поголема зделка подоцна, односно силен и високостандарден трговски договор, рече трговскиот претставник на САД Кетрин Таи.

Иницијативата, меѓу другото, ќе ја намали бирократијата на царина и ќе го намали времето на чекање за американските бизниси кои носат производи во Тајван.

Исто така, ги обврзува САД и Тајван да усвојат мерки за борба против мито и другите форми на корупција, и да охрабрат поголема трговија со мали и средни бизниси.

Договорот не бара одобрение од Конгресот на САД. Но, постои широка двопартиска поддршка во Вашингтон за Тајван, остров со 23 милиони жители кој се одвои од Кина кога комунистите го презедоа копното во 1949 година и оттогаш се разви во просперитетна демократија.

Пекинг го смета Тајван за одметната кинеска провинција и долго време бара повторно обединување.

Односите меѓу САД и Кина - двете најголеми економии во светот, се влошија во последниве години. САД ја обвинуваат Кина за предаторски економски практики и ја критикуваа репресијата на Пекинг.

„Пекинг веројатно ќе се пожали на оваа објава, но никој нема да ги слушне неговите зборови во Вашингтон додека продолжуваат преговорите со Тајван“, рече Венди Катлер, потпретседател на Институтот за политика за азиско општество и поранешен американски трговски преговарач.

Тајван е водечки светски производител на компјутерски чипови.

САД минатата година купија стоки и услуги во вредност од 105 милијарди долари од Тајван, што го прави 10-ти најголем извор на американски увоз.

Американскиот извоз во Тајван достигна речиси 55 милијарди долари, што го прави 15-ти најголем странски пазар за Америка.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG