Линкови за пристапност

Кирби: Фокусот на Г-7 е на војната во Украина и предизвиците што Кина продолжува да ги генерира


 Претседателот на САД упати покана не само на премиерот на Папуа Нова Гвинеја, туку и на другите лидери на нациите од Пацификот, во одреден момент да ги посетат САД, рече Кирби.
Претседателот на САД упати покана не само на премиерот на Папуа Нова Гвинеја, туку и на другите лидери на нациите од Пацификот, во одреден момент да ги посетат САД, рече Кирби.

Координаторот на националниот Совет за безбедност за стратешки комуникации Џон Кирби, во интервју за Гласот на Америка говори за посетата на претседателот Бајден во Јапонија, учеството на Самитот на Г-7 и најголемите предизвици со кој се соочуваат седумте индустриски најразвиени земји во светот.

Глас на Америка: Претседателот Бајден е денес во Хирошима, очигледно во услови на тековни преговори за плафонот за долгот во САД. Како тој ќе ги убеди лидерите на Г7 дека САД нема да отстапат од преземените обврски?

КИРБИ: Овие лидери разбираат дека претседателот треба да се грижи за прашањето за плафонот на долгот. Тие имаат свои економии со кои управуваат. Разбираат дека ова е важен приоритет за претседателот и дека тој ќе мора да се врати во Вашингтон за да се увери дека Конгресот ја прави вистинската работа. Но, фокусот на Г-7 не е на нашето прашање на плафонот на долгот, дома. Фокусот на Г-7 е на широка агенда на прашања кои вклучуваат неверојатни последици за целиот свет - транзиција со чиста енергија и климатски промени, можности за економски развој, особено во земјите со низок и среден приход, војната во Украина, и се разбира, предизвиците што Кина продолжува да ги претставува во регионот. И, се разбира, претседателот, како што го слушнавте како вели пред да замине, тој е оптимист, тој е уверен дека ќе успееме да постигнеме договор, дека ќе можеме да избегнеме неисполнување на обврските.

Глас на Америка: По откажувањето, или она што претставниците на Белата куќа, вклучително и вие самите, сакаат да го кажат, одложувањето на посетата на претседателот на САД на Папуа Нова Гвинеја и Австралија, Бајден веднаш го повика премиерот Албанес и го покани во државна посета. Претседателот Бајден не ја упати поканата до премиерот Џејмс Марапе од Папуа Нова Гвинеја. Разбирам дека Австралија е многу поблизок сојузник од Папуа Нова Гвинеја, но со оглед на фактот дека Кси Џинпинг силно и се додворува на Папуа Нова Гвинеја, го посети регионот три пати, би имало смисла претседателот веднаш да го повика премиерот Марапе во посета на Вашингтон. Зошто, не го направи тоа?

КИРБИ: Тој му се јави еден ден потоа од авионот „Ер Форс 1“ на пат овде, и беше темелна дискусија, а премиерот ја разбра позицијата во која е претседателот. И претседателот упати покана не само на премиерот, туку и на другите лидери на нациите во Пацификот, во одреден момент да ги посетат САД. Тоа ќе биде вторпат да бидеме домаќини на лидерите на Пацифичките острови во Вашингтон, а претседателот со нетрпение го очекува тоа. И сосема е можно патувањето назад во Папуа Нова Гвинеја да се реализира, кога ќе биде возможно. Апсолутно е од витално значење, претседателот, јасно го кажа ова, дека мора да биде дома за да работи со Конгресот на долгот.

Глас на Америка: Претседателот и другите лидери на Г-7 денеска го започнуваат денот со посета на Меморијалот на мирот во Хирошима. Ова е позадина за прашањето за нуклеарното разоружување, кое е големо прашање за Јапонија, но и големо прашање за САД. Во исто време, проширувањето на американското нуклеарно разоружување е исто така важно за администрацијата на Бајден. Како да се усогласат, овие две работи?

КИРБИ: Важно е стратешкото партнерство на Америка и чадорот што им го обезбедува на нашите сојузници од договор како Јапонија, како Република Кореја, да остане на место, да остане веродостоен, да остане модернизиран, да остане во полн капацитет. Тие одговорности ги сфаќаме многу сериозно. Во исто време, претседателот во текот на целиот свој јавен живот сакаше да види дека се почитува Договорот за неширење нуклеарно оружје и да видиме дека можеме, никогаш да не пристапиме кон можноста за нуклеарна војна, бидејќи како што рече, не треба да војуваме во нешто, што не може да се победи....

Глас на Америка: Значи…

КИРБИ: И, двете се важни. И во однос на одговорното управување со нуклеарниот арсенал, бевме толку незадоволни кога видовме дека Русија се повлече од усогласеноста или тврдеше дека ќе се повлече од усогласеноста со Договорот СТАРТ 2. Во моментот кога тензиите се толку високи, кога Путин и неговите воени лидери се приклонуваат кон опасна реторика за нуклеарно оружје, поважно е од кога било да се зборува отворено и искрено за нуклеарните капацитети и за воспоставување соодветни ограничувања и ограничувања на тие способности. Во исто време, иако, како што реков, имаме легитимни безбедносни обврски и одговорности во меѓусебните одбранбени сојузи кои треба да ги зачуваме.

Глас на Америка: Значи, сепак по тоа прашање, очекуваме трилатерален самит меѓу САД, Јапонија и Јужна Кореја да се случи на маргините на Самитот. А, нема потврда. Но, ако тоа навистина се случи или без разлика дали ќе се случи или не, дали можеме да очекуваме некаков вид продолжување на Декларацијата од Вашингтон?

КИРБИ: Да не брзаме со распоредот и агендата. Немам таква потврда за трилатерална дискусија. Тоа се двајца лидери кои претседателот Бајден ги познава многу добро и имал повеќе можности да се дружи лично со нив, и секако, дури и преку телефон. И тој е многу благодарен на силното раководство и на премиерот Кишида овде во Јапонија и на претседателот Јун во Јужна Кореја за работата што ја направија за да ги подобрат нивните билатерални односи и да работат на кооперативен начин на сопствените одбранбени способности. Јапонија предложи нова стратегија за национална безбедност која навистина им дава посилен глас и присуство овде во Индо-Пацификот во однос на регионалната безбедност. И претседателот Јун му помогна на авторот на новата индо-пацифичка стратегија што Република Кореја ја изготви и која одлично се поврзува со нашата национална безбедносна стратегија. Мислам дека без разлика дали ќе добијат шанса да разговараат овде на Г-7 или не, тоа се тројца лидери кои добро се познаваат, имаат многу можности да разговараат и за билатерална и за трилатерална соработка.

Глас на Америка: Навраќајќи се на Г-7, гледаме дека Јапонија, во нејзиниот обид да допре до Глобалниот југ, покани голем број други членки, кои не се членки на Г- 7. Дали верувате дека овие членки што не се членки на Г-7 ќе помогнат да се постигне целта за надминување на непредвидливата ситуација на Тајван, да ја одврати кинеската економска експанзија, што САД и Г-7, го посакуваат?

КИРБИ: Она што се надеваме дека нивното учество и присуство ќе го направи е да ги информираат дискусиите што се водат. Веруваме дека многу од овие нации, особено овие нации со пониски среден приход, стануваат свесни, сфаќаат дека нивните здруженија, особено од финансиска перспектива со Кина, не функционираат толку добро за нив. И една од причините, зошто Г-7 го воспостави Партнерството за глобална инфраструктура и инвестиции што го предводеше претседателот Бајден на последниот Г-7 чија цел беше да обезбеди алтернативен извор на финансирање и економски развој.

XS
SM
MD
LG