Линкови за пристапност

Зеленски ќе им се придружи на лидерите на Г7 во Јапонија


Украинскиот претседател денес пристигна да присуствува на Самитот на Арапската лига во Саудиска Арабија
Украинскиот претседател денес пристигна да присуствува на Самитот на Арапската лига во Саудиска Арабија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе им се придружи на лидерите на Г7 во Хирошима, Јапонија, најдалечното патување на Зеленски од неговата земја разурната од војна, додека членките на групата богати демократии ветуваат дека ќе донесат „сеопфатен, праведен и траен мир во Украина“.

Се очекуваше Зеленски да ѝ се обрати на групата преку видеоврска во неделата, но секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Олексеј Данилов, говорејќи на националната телевизија, потврди дека Зеленски ќе присуствува на самитот.

„Таму ќе се решаваат многу важни прашања и затоа физичкото присуство на нашиот претседател е апсолутно важна работа за да ги браниме нашите интереси“, рече тој.

Потврдата за присуството на Зеленски дојде кога лидерите на Г7 од САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство, Јапонија и Европската унија, ја потврдија својата „заложба да застанат заедно против илегалната, неоправдана и неиспровоцирана војна на Русија против Украина“.

Во изјавата, групата вети дека ќе ги „мобилизира сите наши политички инструменти и, заедно со Украина, ќе ги направи сите напори да се постигне сеопфатен, праведен и траен мир во Украина што е можно поскоро“, нагласувајќи дека тој не може да се реализира без „целосно и безусловно повлекување на руските трупи“.

XS
SM
MD
LG