Линкови за пристапност

Столтенберг: Северна Македонија е постојан сојузник и придонесувач кон колективната безбедност


Сите за еден и еден за сите.“, изјави Столтенберг.
Сите за еден и еден за сите.“, изјави Столтенберг.

„Северна Македонија се покажа како постојан сојузник и вреден контрибутор на нашата колективна безбедност.“, изјави Јенс Столтенберг.

Порача, во видео обраќање, првиот човек на Алијансата. Настапот на Јенс Столтенберг беше дел од првиот Одбранбен форум што денеска се одржа во Скопје во период кога земјата ја одбележува 3 годишнината од приемот во Алијансата.

Главно прашање за кое се разговараше на собирот беше војната на европско тло.

„НАТО сојузниците стојат солидарно. Ова е од витално значење зашто се соочуваме со најопасното безбедносно опкружување со генерации. Руската инвазија врз Украина е трагедија за земјата и опасност за сите нас. Ова е ситуација со која ниту еден сојузник не може сам да се соочи. Но, вие не сте сами, ние сме семејство на демократии посветени да се бранат едни со други. Сите за еден и еден за сите.“, изјави Столтенберг.

Дел од експертите предупредуваат дека за НАТО ќе беше опасно да не и се спротивстави на руската агресија врз Украина зашто тоа, според нивните проценки, потенцијално би и отворило можност на Москва да продолжи со нови цели во Европа.

„Најголемиот ризик е Русија да продолжи со агресијата против другите соседи, потенцијално против другите членки на Алијансата. Мислам дека со тоа што стои силно и обединето, НАТО покажа дека тоа не е прифатлива практика во меѓународните односи и дека ја зајакна одбраната и безбедноста на Алијансата како целина.“, изјави Метју Роудс, Европски центар за безбедносни студии.

Претставниците на САД, најмоќната НАТО членка, повторија дека одговорот на Алијансата во војната во Украина и покажал на Русија дека Сојузот е единствен.

Обединетиот одговор од НАТО членките беше извонреден. Колективната одбрана е во суштината на НАТО.
Агелер, амбасадорка на САД во Скопје

„Од Втората светска војна заедно не сме соочиле со таква опасност во Европа како што е руската непровоцирана и нелегална агресија врз Украина. Обединетиот одговор од НАТО членките беше извонреден. Колективната одбрана е во суштината на НАТО. Разновидната помош на С Македонија за Украина беа модел за другите сојузници. Вашите постапки ги засилија фундаменталните принципи дека обидите за насилна промена на границите е неприфатливо.“, изјави Ангела Агелер, амбасадорка на САД во Скопје.

Македонија, од почетокот на војната, ја покажа својата поддршка за Украина – и политичка и воена.

„Тоа го покажавме со јасниот став за осуда на нападот врз Украина и нејзиното право на слобода, со брзата реакција на нивните барања за помош да се одбранат од овој напад и притоа да не влијае врз борбената готовност на нашата армија.“, оцени Славјанка Петровска, министерка за одбрана.

Досега, во неколку наврати, за Украина беше пратена воена помош – од муниција, противтенковска опрема до Сухои 25. Минатата седмица беше дадено „зелено светло“ и за 12 борбени МИ-24 хеликоптери.

XS
SM
MD
LG