Линкови за пристапност

„Има зголемена руска хибридна агресија, што води кон уривање на вредностите на Западен Балкан“, предупреди Ѓукановиќ


Според него, војната на Русија против Украина го прекина деценискиот мир и стабилност на европскиот континент.
Според него, војната на Русија против Украина го прекина деценискиот мир и стабилност на европскиот континент.

Шефот на црногорската држава даде проценка на состојбата на европската безбедност и понуди, лична, претседателска перспектива за Балканот на виртуелниот настан во организација на американскиот Институт за мир во Вашингтон.

Мило Ѓукановиќ се осврна на безбедноста и стабилноста на Балканот, зголемената закана од руското влијание низ европскиот континент и важноста на НАТО за иднината на европската безбедносна архитектура.

Ѓукановиќ за влијанието на Кремљ врз Западен Балкан и реперкусиите
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:38 0:00

Според него, војната на Русија против Украина го прекина деценискиот мир и стабилност на европскиот континент.

За руската агресија, Ѓукановиќ рече дека е брутална агресија врз суверена земја.

„Тоа е напад врз темелните принципи на меѓународниот поредок по Втората светска војна. И од перспектива на демократскиот и слободен свет, руската агресија е аларм за будење“, изјави Ѓукановиќ, и додаде дека Кина се наметнува во регионот и го зазема просторот што меѓународната заедница го остава непополнет.

„Додека европските земји и САД обезбедуваат низа помош за Украина, рускиот напад врз меѓународните норми претставува растечка глобална закана, особено за европските земји на Балканот, кои се борат да ги одржат своите демократски институции и напредок“, изјави Ѓукановиќ.

За агресивното однесувањто на Русија на Западен Балкан, Ѓукановиќ рече дека уште од 2014-та, Москва го менува својот курс кон европските перспективи и се обидува да има влијание врз земјите од Западен Балкан, обидувајќи се да ги натера да изберат поинаква иднина.

Наместо евроатлантското, најдрастичното вакво влијание на Русија на Западен Балкан се случи во Црна Гора уште во 2016-та, потсети Ѓукановиќ.

Според него, Кремљ се обиде да ја смени владата во Црна Гора, со нејзина примарна цел да го спречи официјализирањето на пристапот во НАТО. Но, Ѓукановиќ рече дека Подгорица успеала да неутрализира таков обид, и преку избори, Црна Гора го потврди мандатот на својот народ и неколку месеци подоцна го официјализира членството во Алијансата.

„Балканот нема илузии дека Русија ќе се откаже од својата намера и ќе го прошири репертоарот на хибридна војна на Западен Балкан“.  
Ѓукановиќ, претседател на Црна Гора

„Балканот нема илузии дека Русија ќе се откаже од својата намера“, рече Ѓукановиќ и додаде дека „веруваме дека тие само ќе го зголемат и ќе го прошират репертоарот на хибридна војна на Западен Балкан“.

„Имаме зголемена руска хибридна агресија, што доведе до уривање на вредности на Западениот Балкан. Затоа, сакам да ви кажам дека ситуацијата на Западен Балкан денес, е всушност, полоша во споредба со онаа од пред шест или седум години, и тоа треба да не загрижи, сите во НАТО, но и ЕУ“, порача првиот човек на Црна Гора.

„И во сите разговори со официјални лица што ги имав со европските претставници, укажував дека ако Европската Унија и НАТО не се присутни на Балканот, тој вакуум ќе се пополни од трети страни“, рече Ѓукановиќ.

Веќе неколку години заедно со другите земји од Западен Балкан стагнираме на патот кон членство во Европската Унија.
Ѓукановиќ, претседател на Црна Гора

„Веќе неколку години заедно со другите земји од Западен Балкан стагнираме на патот кон членство во Европската Унија“, рече Ѓукановиќ и додаде дека Русија се обидува да го направи регионот, преку политиката на ревизија на историјата, влијание врз земјите во нивното соседство за да ја поврати нивната геополитичка важност што ја имаше од времето на Советскиот Сојуз. Тоа, истото, според него, Србија се обидува да го направи во регионот на Западен Балкан.

„Со многу ретроградни политики, Белград сака да владее врз други нации и дефинитивно го нарушува суверенитетот на други земји. Тоа е она што можеме да го видиме во регионот каде Србија, се обидува да шири влијание во Црна Гора, обидувајќи се да доминира со сложената ситуација во со Босна и Херцеговина, како и во случајот со Косово и Северна Македонија“, вели Ѓукановиќ.

„Ми се чини дека политиката на партнерите од ЕУ кон Западениот Балкан, за жал, сè уште е оптоварена со многу калкулации и многу компромиси, кои, според мене не се неопходни и ги нарушуваат принципите за кои заедно се бориме, за имплементирање на западниот систем на вредности и почитување на меѓународното право“, додаде Ѓукановиќ.

Русија, која традиционално, го користи Балканот за остварување на сопствените интереси го злоупотребува Западен Балкан, и денес, вели тој. Тоа е широко прифатено, ширејќи ја нивната доктрина за уништување на европското тло. Тие поттикнуваат ретроградни политики и во Западен Балкан не треба да фатат корен, смета црногорскиот претседател.

За искуството на Грција и Северна Македонија: како до компромис и во слични ситуации?

Запрашан, дали постои модел или лекција од динамиката меѓу Грција и Северна Македонија, за ублажување на конфликти, спречување конфликти, што може да се примени во други конфликти во регионот или дури и други конфликти во светот?

„Сакаме Европа да има долгорочен мир, заштитен од малигни влијанија, на кој било дел од нејзината територија и за да можеме заедно да целиме кон просперитет. Тоа е многу важна лекција. Втората лекција е дека треба да го почитуваме моментумот“, изјави Ѓукановиќ.

Тој рече дека денес, за жал, многу е тешко да се очекува дека Северна Македонија ќе обезбеди консензус за измени на Уставот што бугарската страна го очекува за да го одобри почетокот на преговорите со Северна Македонија, заклучи Ѓукановиќ за време на видео-собирот, организиран од Институтот за мир.

XS
SM
MD
LG