Линкови за пристапност

Бајден го поздрави влегувањето на Финска во НАТО


„Со нетрпение очекувам што е можно поскоро да ѝ посакам на Шведска добредојде како членка на НАТО, и ги охрабрувам Турција и Унгарија да ги завршат своите процеси за ратификација без одлагање“, порача Бајден. 
„Со нетрпение очекувам што е можно поскоро да ѝ посакам на Шведска добредојде како членка на НАТО, и ги охрабрувам Турција и Унгарија да ги завршат своите процеси за ратификација без одлагање“, порача Бајден. 

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ѝ посака добредојде на Финска во НАТО Алијансата. Приклучувањето на Финска кон Алијансата доаѓа откако доби позитивен одговор од Турција по 11 месеци од апликацијата. Финска влегува во НАТО на точно 74 години по формирањето на Алијансата.

„Се гордеам што можам да ја поздравам Финска како 31-ва земја-членка на НАТО Алијансата. Пред 74 години на денешен ден – кога Соединетите Држави и 11 други нации се соединија за да ја формираат Северно-атлантска договорна организација – претседателот Труман рече: ‘ако има нешто сигурно во иднина, тоа е волјата на луѓето во светот за слобода и мир’. Денес таа волја е посилна од кога било со приклучувањето на Финска во НАТО“, се вели во писмената изјава на Бајден испратена од Белата Куќа.

Финска во мај минатата година аплицираше за членство во НАТО, а покрај Финска, апликација поднесе и Шведска.

Американскиот претседател Бајден потенцира дека двете држави се силни демократии со способна армија, кои со Алијансата ги споделуваат вредностите и визијата за светот. Бајден испраќа порака до Турција и Унгарија.

„Ја поздравуваме Финска како членка – најбрзиот процес на ратификација во поновата историја на НАТО. Со нетрпение очекувам што е можно поскоро да ѝ посакам на Шведска добредојде како членка на НАТО, и ги охрабрувам Турција и Унгарија да ги завршат своите процеси за ратификација без одлагање“, порача Бајден.

Со зачленувањето на Финска, НАТО Алијансата е пообединета, вели Бајден.

„Кога Путин ја започна својата брутална агресивна војна против народот на Украина, тој мислеше дека може да ги подели Европа и НАТО. Тој не беше во право. Денес, ние сме пообединети од кога било. И заедно – зајакнати од нашиот најнов сојузник Финска – ќе продолжиме да ја зачувуваме трансатлантската безбедност, бранејќи ја секоја педа од територијата на НАТО, и да одговориме на сите предизвици со кои се соочуваме“, се вели во писмената изјава на Бајден.

Последна земја кога се придружи на НАТО Алијансата беше Северна Македонија која во 2020 година стана 30-та земја – членка.

XS
SM
MD
LG