Линкови за пристапност

Шефер: Има докази за воено злосторство на руската војска против украински заробеник


Украинската редакција на Гласот на Америка разговараше со Дејвид Шефер, поранешен амбасадор на САД за воените злосторства, кој во екслузивно интервју нуди правно толкување на контроверзното видео.
Украинската редакција на Гласот на Америка разговараше со Дејвид Шефер, поранешен амбасадор на САД за воените злосторства, кој во екслузивно интервју нуди правно толкување на контроверзното видео.

Украинските власти повикаа на истрага за воено злосторство по видеото што се појави по социјалните мрежи пред само неколку дена, на кое руските сили наводно убиваат украински заробеници. За украинскиот министер за надворешни работи, тоа ужасно видео, е уште еден доказ дека во војната се врши геноцид.

Украинската редакција на Гласот на Америка разговараше со Дејвид Шефер, поранешен амбасадор на САД за воените злосторства, кој во екслузивно интервју нуди правно толкување на контроверзното видео.

Дејвид Шефер: „Мислам дека е правилно да не претпоставуваме. Иако многу се случува во Украина, што има примеси на геноцид, и затоа е соодветно за отворање на истрага од страна на Меѓународниот кривичен суд за акти на геноцид, што се чини дека се во тек во Украина. Овој конкретен акт, е без сомнение, воено злосторство. Ова е само уште еден елемент, што на некој начин се вбројува во геноцидните напади врз Украина. Ова е недвосмислено, воено злосторство на руската војска против украински војник. Тој очигледно бил во нивен притвор“

Тој вели дека согласно Женевската конвенција, воениот персонал на непријателот се трансформира во категоријата на воен заробеник.

„Во видео клипот, се чини дека нема никаква провокација зошто овој украински војник бил буквално, ладнокрвно застрелан од воените сили“, вели поранешниот амбасадор Шефер.

„Јасно предложени докази за извршено воено злосторство не само до Меѓународниот кривичен суд, туку и во украинските судови, кои ќе го разгледаат ова злосторство, ќе утврдат кои воени единици биле во таа област во тоа време, кој им заповедал. А, потоа ќе се утврди прашањето кој е виновен, и кој, всушност, го извршил военото злосторство“, додава Шефер.

Глас на Америка: Веќе ги спомнавте украинските судови и Меѓународниот кривичен суд коишто можеби го истражуваат ова воено злосторство. Како гледате на гонењето на воениот злосторник кој го изврши ова злосторство?

Дејвид Шефер: Едно, ова може да биде доказ кој допира до испитување за тоа кој командува со воените сили во овој регион во тоа време кога овој војник беше убиен, кога имал статус на воен заробеник“.

Според поранешниот американски амбасадор „останува на истрагата да утврди дали некој од повисок ранг е всушност на кој било начин вмешан, или во однос на наредбите кои биле издадени и, исто така, дали тој командант не ги казнил руските војници кои го убија овој заробеник“.

„Тоа бара одговорност за командантот“, вели Шефер и прашува: “Дали побарал казна за овие војници, или не. Ако не, тогаш тоа ќе го доведе во прашање на неговата одговорност. Меѓутоа, друго потпрашање е за вистинските војници кои ги извршиле злоделото“, смета Шефер.

Глас на Америка: Неодамна, САД наведоа дека Русија извршила злосторства против човештвото во Украина. Имаше дискусии за создавање на некаков меѓународен, хибриден Трибунал за истрага на злосторствата против човештвото, извршени од руски војници во Украина. Дали мислите дека овој случај можеби е еден од случаите кои би можеле да бидат истражени и кривично гонети од таков Трибунал?

Дејвид Шефер: „Да. Овој украински војник се чини дека бил воен заробеник до моментот кога се случи ова, тој бил заробен на фронт. И, не гледаме провокација, зошто се пукало врз него. Тоа е јасно воено злосторство. Злосторствата против човештвото, се однесуваат на планиран напад врз цивилно население. И затоа, бидејќи тој е војник, мислам дека подобриот дел од истрагата и на крајот гонењето на одговорните, ќе биде само дел од директно кршење на третата Женевска конвенција“.

Тој потсетува дека во САД, беше усвоен закон и потпишан од претседателот Бајден на почетокот на јануари.

„Тоа значи дека секој припадник на руска војска кој би пристигнал или би ги посетил САД во иднина ќе биде предмет на лупа за нивното учество во воени злосторства како што е ова за кое зборуваме, денес“, изјави поранешниот американски амбасадор на САД за воени злосторства.

XS
SM
MD
LG