Линкови за пристапност

Руски напади врз украинската енергетска инфраструктура


Руските сили извршија воздушни напади врз повеќе украински градови, со мети меѓу кои имало и енергетски објекти.

Кирило Тимошенко, заменик-шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, рече дека три удари погодиле објект за снабдување со електрична енергија во Киев.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека експлозии биле пријавени во северниот дел на главниот град, каде што бил погоден „критична инфраструктурна установа“.

Два воздушни напади предизвикаа „сериозна штета“ во енергетскиот објект во градот Днипро, рече Тимошенко.

Градоначалникот на Житомир рече дека воздушниот напад таму го оставил градот без вода и електрична енергија.

Зеленски рече дека Русија е насочена кон украинската енергија и критична инфраструктура во, како што рече, „руски терористички напади“.

„Од 10 октомври, 30 отсто од електраните во Украина се уништени, предизвикувајќи масовни прекини на струја низ целата земја“, напиша тој во вторникот на Твитер. „Не останува простор за преговори со режимот на Путин“.

Воздушните напади уследија по серијата смртоносни руски напади со помош на беспилотни летала наполнети со експлозив што го погодија Киев во понеделникот, што поттикна обновени повици на Зеленски и други украински лидери до сојузниците да и обезбедат оружје на Украина за воздушна одбрана.

Британското Министерство за одбрана во вторникот соопшти дека покрај нападите со беспилотни летала, Русија ја поминала изминатата недела користејќи крстосувачки ракети за да изврши „засилено темпо на удари со долг дострел врз цели низ Украина“.

„Бидејќи Русија претрпе неуспеси на бојното поле од август, многу веројатно се стекна со поголема подготвеност да напаѓа цивилна инфраструктура покрај украинските воени цели“, соопшти Министерството.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, изјави за новинарите дека нападите со беспилотни летала продолжиле „да ја демонстрираат бруталноста на рускиот претседател Владимир Путин“. Таа рече дека САД ќе ја повикаат Русија одговорна за „нејзините воени злосторства“.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш беше „длабоко вознемирен од континуираните ракетни и беспилотни напади врз украинските градови и населби“, изјави портпаролот на ОН Стефан Дујарик.

Гутереш повика на нападите „веднаш да престанат и на итна деескалација“.

Некои информации дојдоа од Асошиетед прес, Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG