Линкови за пристапност

Џими Картер ме замоли да го одржам посмртниот говор на неговиот погреб, рече Бајден


Картер, кој со 98 години е најдолговечниот американски претседател, на 18 февруари објави дека преостанатите денови ќе ги помине дома
Картер, кој со 98 години е најдолговечниот американски претседател, на 18 февруари објави дека преостанатите денови ќе ги помине дома

Претседателот на САД Џо Бајден вели дека планира да одржи говор на погребот на поранешниот претседател Џими Картер, кој сега прима лекарска грижа во неговиот дом во јужна Џорџија.

Бајден, на настан за собирање донации вчера во Калифорнија, зборуваше за неговата „неодамнешна“ посета на 39. претседател на САД, кого го познава уште кога бил млад сенатор од Делавер и ја поддржувал претседателската кампања на Картер во 1976 година.

„Тој ме замоли јас да го одржам говорот во негова чест“, рече Бајден, пред да каже: „Извинете, не треба да го кажам тоа“.

Картер, кој со 98 години е најдолговечниот американски претседател, на 18 февруари објави дека преостанатите денови ќе ги помине дома, добивајќи нега на крајот на животот, откажувајќи се од дополнителна медицинска интервенција по серијата кратки болнички престои.

Центарот Картер во Атланта и членовите на семејството на поранешниот претседател не открија детали за неговата состојба, иако Бајден алудираше на дијагнозата на рак на Картер во 2015 година и последователното закрепнување.

Бајден (80) и првата дама Џил Бајден ги посетија Картер и неговата сопруга Розалин, која сега има 95 години, во нивниот дом во Плејнс, Џорџија, неколку месеци откако Бајден ја презеде функцијата во 2021 година.

Бајден беше првиот американски сенатор што ја поддржа претседателската кандидатура на Картер од 1976 година, одвојувајќи се од естаблишментот во Вашингтон, што Картер, тогаш поранешен гувернер на Џорџија, го шокираше со освојувањето на номинацијата на демократите.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG