Линкови за пристапност

Сторија за поранешниот американски претседател Џими Картер стана вирална во Канада


Картер, млад поручник на американската морнарица во 1952-ва година, бил на обука за работа на првата американска нуклеарна подморница во моментот на несреќата во реактор на реката Чалк, Онтарио

Поранешниот американски претседател Џими Картер беше поздравен како национален херој во Канада по објавувањето на напис за инцидентот од 1952-ва година во кој тим предводен од Картер помогна да спречи, првата нуклеарна несреќа во светот, да стане многу полоша катастрофа.

Сторијата за инцидентот се појави овој месец на Фејсбук страницата на Историското друштво на Отава и брзо стана вирално низ Канада.

„Историското друштво на Отава ги раскажува големите приказни за минатото на областа Отава повеќе од 123 години“, изјави за Гласот на Америка одговорниот за контакт на друштвото, Бен Вајс. „Ниту една приказна, сепак, не одекнала како оваа.

„Научив за оваа неверојатна приказна читајќи ги мемоарите на Џими Картер пред многу години. Сепак, не знаев дека мојот пост ќе стане вирален како што стана. Речиси еден милион прегледи на Фејсбук досега - и уште толку многу повторно се споделија на Твитер.

Картер, млад поручник на американската морнарица во 1952-ва година, бил во блискиот Шенектади, Њујорк, на обука за работа на првата американска нуклеарна подморница во моментот на несреќата во реактор во реката Чалк, Онтарио, на само 180 километри од Отава, главниот град на Канада.

Според веб-страницата на канадската влада, механичките проблеми и грешката на операторот „довеле до прегревање на прачките за гориво и значителна штета“ на јадрото на реакторот, што ги натерало властите да се обратат до Соединетите држави за помош за демонтирање на уредот.

Вкупно 26 Американци, вклучително и неколку доброволци, побрзале во реката Чалк за да помогнат во опасната работа. Картер предводел тим од мажи кои, откако формулирале план, се спуштиле на радиоактивното место по 90 секунди за да извршуваат специјализирани задачи.

Работата на Картер била едноставна, да заврти една завртка. Но, дури и таа ограничена изложеност носела сериозни ризици; На Картер му било кажано дека можеби никогаш повеќе нема да може да има деца, иако всушност неговата ќерка Ејми се родила години подоцна.

За Вајс, приказната и реакцијата на неа се соодветна почит на Картер, кој посветил голем дел од својот пост-претседател на јавните служби, но кој на 97-годишна возраст е со нарушено здравје.

„Мислам дека многу Канаѓани и Американци - делат искрена наклонетост кон Џими Картер. Барем ние од одредена генерација“, изјави Вајс за Гласот на Америка

Тој став го дели Брус Хејман, поранешен амбасадор на САД во Канада. „Неодамнешната приказна за претседателот Џими Картер и неговата херојска активност да се спречи нуклеарна катастрофа во Канада е една од многуте приказни што ни кажуваат за еден од големите граѓани на Америка“, рече тој во интервјуто.

Репортерот на Гласот на Америка, Кејн Фарабау, кој го интервјуирал Картер повеќе од 20 пати и истражува книга за инцидентот со реката Чалк, верува дека поранешниот претседател брзо би ја отфрлил секоја заслуга за неговата улога во избегнувањето на катастрофа, бидејќи тој е толку многу скромен човек.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG