Најстариот поранешен американски претседател досега, Џими Картер, планира тивко да го одбележи својот 97-ти роденден дома во Џорџија.
Неговата соработничка вели дека не планира да има јавни настапи на неговиот роденден. Наместо тоа, таа вели дека тој ќе го помине денот дома во Плајнс, Џорџија.
Работниците на Националната историска локација Џими Картер снимија честитки за поранешниот претседател, додека јавноста можат да потпишат онлајн роденденска честитка.
Поранешниот претседател преживеа и рак во 2015-та година. На Картер му беше дијагностициран меланом што се проширил на неговиот црн дроб и мозок во 2015 година, но бил подложен на третман и објавил дека четири месеци подоцна ја победил болеста. Тој имаше низа падови, вклучително и оној со скршеница на карлицата во октомври 2019-та година.
Претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден го посетија семејството Картер во нивниот дом во април. „Седевме и разговаравме за старите времиња“, рече Бајден за неговиот претходник.
Facebook Forum