Четворица поранешни претседатели на САД се појавија во нова реклама да ги охрабрат граѓаните да се вакцинираат против ковид-19.
Во неа, поранешниот претседател Бил Клинтон вели „изгубивме доволно луѓе и претпрпевме доволно штета“. Има и фотографија од Клинтон и неговата сопруга, како примаат вакцина.
Поранешниот претседател Џорџ Буш вели „за да може да се ослободиме од пандемијата, важно е нашите сограѓани да бидат вакцинирани“.
Како и Клинтонови, на видеото се гледа како и Буш и неговата сопруга Лора, ја примаат вкацината, исто како и поранешниот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел, и поранешниот претседател Џими Картер и неговата сопруга.
Поранешните лидери зборуваат што планираат да прават по вакцинирањето. Обама рече дека сака да ја посети мајка ѝ на Мишел, да ја прегрне и да биде со неа за нејзиниот роденден.
Буш рече дека сака да го гледа почетокот на сезоната на безбол лигата на полн стадион во Тексас.
Картер ја завршува рекламата велејќи им на гледачите „од вас зависи“.
Поранешниот претседател Доналд Трамп, кој, минатата година, беше хоспитализиран поради ковид-19, не е дел од оваа кампања.
Рекламата, исто така, ги упатува гледачите на веб-страница со информации за достапност на вакцините, како се одобрени, како да се вакцинираат и какво е искуството.
Facebook Forum