Линкови за пристапност

Делови на северот на САД се затвораат пред најавите за зимска бура


Многу училишта низ Северна и Јужна Дакота, Минесота и Висконсин денес беа затворени во пресрет на невремето
Многу училишта низ Северна и Јужна Дакота, Минесота и Висконсин денес беа затворени во пресрет на невремето

Сојузните држави во северните рамнини главно се затвораат пред големата зимска бура која може да истури снег до 60 сантиметри во некои области, придружена со силен ветер и опасно ниски температури.

Во меѓувреме, многу места во средината на Атлантикот до Флорида се очекува да забележат рекордно високи температури - во некои случаи и до 40 степени над нормалата.

Многу училишта низ Северна и Јужна Дакота, Минесота и Висконсин денес беа затворени во пресрет на невремето. Канцелариите се затворија, а исто така и законодавниот дом на Минесота.

Гувернерката на Јужна Дакота Кристи Ноем ги затвори канцелариите на државната извршна власт во неколку делови на сојузната држава, а вработените работеа од дома.

Невремето ќе продолжи кон источниот брег подоцна во текот на неделата, местата на кои не паѓа снег може да бидат покриени со опасни количества мраз, како во некои области на јужен Мичиген, северен Илиноис и некои источни сојузни држави.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG