Повеќе од четири милиони жители на Тексас останаа без струја како последица на зимската бура и рекордно ниските температури што ги зафатија централниот и јужниот дел на САД, објави Еј-Би-Си.
Тексас е најтешко погодена сојузна држава, со снежна бура и мраз, кои доведоа и до смртносен судир на 100 возила. Според термометарот на Меѓународниот аеродром во Хјустон, вчераутрото, биле регистрирани минус 8,3 Целзиусови степени, најниска температура изминативе 32 години.
Гувернерот на Тексас Грек Абот зборувал со претседателот на САД Џо Бајден, кој прогласи вонредна состојба, а владините агнеции добија овластување за координација.
Студено време и рекордно ниски температури се очекуваат и во источните сојузни држави. Луизијана веќе доби предупредување за зимска бура, проследена со снег, мраз и темепратура под точка на мрзнење.
Facebook Forum