Линкови за пристапност

Тешка е ситуацијата северно од Бахмут, вели Зеленски


Украинската војска извести за руски артилериски и тенковски напади врз 16 населени места во областа Бахмут
Украинската војска извести за руски артилериски и тенковски напади врз 16 населени места во областа Бахмут

Украина соопшти дека руските сили ја погодуваат областа северно од Бахмут со интензивни гранатирања.

Бахмут, кој се наоѓа во украинскиот регион Доњецк, беше место на неколкумесечни тешки борби со Русија која се обидуваше да ја освои областа.

Украинскиот претседателски кабинет во својот дневен извештај соопшти дека ситуацијата северно од Бахмут е „тешка“.

Украинската војска извести за руски артилериски и тенковски напади врз 16 населени места во областа Бахмут.

Шефот на руската паравоена група Вагнер вчера тврдеше дека ја презел контролата врз едно село.

За време на неговото ноќно видеообраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги пофали напорите на работниците да ги обноват електроенергетските системи оштетени од нападите со беспилотни летала и ракети од страна на Русија во петокот.

Зеленски рече дека повеќето луѓе не морале да се соочат со премногу прекини во сабота и недела.

„Самиот факт дека по масовниот ракетен напад оваа недела, можеме да имаме такви мирни енергетски денови ја докажува професионалноста на нашите енергетски работници“, рече тој.

„Мораме да сфатиме: ова сè уште не е одлучувачка победа на енергетскиот фронт. За жал, може да има нови терористички напади од Русија. Може да има нови ограничувања доколку има дополнително уништување или раст на потрошувачката“.

Зеленски рече дека планираните прекини на енергија повторно ќе бидат воспоставени кога работната недела ќе започне в понеделник.

Дел од информациите се преземени од АП, Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG