Линкови за пристапност

Руските сили со серија ракетни напади врз Украина


Сирените за воздушен напад одекнаа низ целата земја.
Сирените за воздушен напад одекнаа низ целата земја.

Руските сили во петокот ја бомбардираа Украина со серија ракетни напади низ целата земја.

Беа погодени критични инфраструктурни објекти, што резултираше со прекин на електричната енергија.

Запорожје, во која се наоѓа најголемата нуклеарна Централа во Европа, беше погодена со 17 проектили за еден час, според вршителот на должноста градоначалник на градот.

Сирените за воздушен напад одекнаа низ целата земја.

Официјалните лица ги предупредија граѓаните да внимаваат на сирените и да бараат засолниште кога ќе ги слушнат.

Нападите следат по неодамнешните патувања на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Лондон, Париз и Брисел, каде што се состана со европските лидери за да побара борбени авиони за да ѝ помогнат на Украина да ја победи руската инвазија.

На Украина ѝ беа ветени тенкови од САД, Германија и другите сојузници на НАТО, но таа сè уште нема доволно тенкови за да започне контраофанзива против Русија.

Британското Министерство за одбрана во петокот соопшти дека руските сили „најверојатно постигнале тактички придобивки“ на две клучни локации во Украина - во северната периферија на градот Бахмут во Донбас и околу градот Вуледар.

XS
SM
MD
LG