Линкови за пристапност

Можни се големи руски напади брзо, вели Украина


Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников на прес-конференција изјави дека Русија би можела да го изврши нападот од „симболични“ причини, иако силите на Москва не се воено подготвени
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников на прес-конференција изјави дека Русија би можела да го изврши нападот од „симболични“ причини, иако силите на Москва не се воено подготвени

Украина соопшти дека се подготвува за можноста за голема руска офанзива на годишнината од руската инвазија на 24 февруари, но вели дека има резерви да ги задржи силите на Москва.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников на прес-конференција изјави дека Русија би можела да го изврши нападот од „симболични“ причини, иако силите на Москва не се воено подготвени.

„И покрај сè, очекуваме можна руска офанзива во февруари“, рече Резников.

Резников рече дека руската офанзива најверојатно ќе биде започната на исток - каде што борбите се насочени со месеци и Русија се обидува да го освои целиот силно индустријализиран регион Донбас - или евентуално на југ, каде што сака да го прошири својот копнен коридор до Крим кој незаконски го анектираше во 2014 година.

Шефот на одбраната процени дека Русија има 12.000 војници стационирани во белоруските воени бази, бројка премала за да изврши значителен напад на северот на Украина.

Руските сили напредуваат постепено на исток додека Москва се обидува да го освои зафатениот град Бахмут, каде борбите беснеат со недели.

САД и другите западни влади ветија милијарди долари нова воена помош, вклучително и тенкови и борбени возила на пешадија за да ѝ помогнат на Украина да издржи нов напад, како и да му помогнат на Киев да започне контраофанзива.

Дел од информациите во текстот се преземени од АП, Ројтерс и агенцијата Франс- прес

XS
SM
MD
LG