Линкови за пристапност

Руските војници мора да ги поправат проблемите што ги претрпеа во Украина, рече Путин


Немаме ограничувања за финансирање. Земјата и владата обезбедуваат се` што бара армијата, рече тој
Немаме ограничувања за финансирање. Земјата и владата обезбедуваат се` што бара армијата, рече тој

Претседателот на Русија Владимир Путин денес рече дека руската армија мора да учи и да ги поправи проблемите што ги претрпе во Украина, ветувајќи дека ќе ѝ даде на војската се што ѝ е потребно за војната што го навршува нејзиниот 10-ти месец, објави Ројтерс.

Во говорот пред шефовите на одбраната во Москва, Путин рече дека нема финансиски ограничувања за тоа што владата ќе обезбеди во однос на опремата и хардверот.

„Немаме ограничувања за финансирање. Земјата и владата обезбедуваат се` што бара армијата“, рече тој.

Кремљ денес предупреди дека зголемувањето на снабдувањето со американско оружје за Киев ќе ја влоши војната и оти „не е добро“ за Украина, објави Асошиетед прес.

„Испораките на оружје (од страна на САД) продолжуваат, асортиманот на испорачаното оружје се шири. Сето ова, се разбира, води кон влошување на конфликтот и, всушност, не е добро за Украина“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Коментарите на Песков беа првата официјална руска реакција на веста дека украинскиот претседател Володимир Зеленски оди во Вашингтон на средба со американскиот претседател Џо Бајден денес.

Патувањето ќе биде прво познато патување на Зеленски во странство по руската инвазија на 24 февруари, во која загинаа илјадници луѓе и беа опустошени градови низ Украина.

Се очекува Зеленски да го напушти Вашингтон со ветувања за огромен пакет воена помош од 1,8 милијарди долари што ќе ѝ помогне на неговата земја да се одбрани од руската агресија.

Најновиот воен хардвер од САД за прв пат ќе вклучи батерија за ракети Патриот и прецизни наведувани бомби за борбени авиони, соопштија американските власти вчера.

XS
SM
MD
LG