Линкови за пристапност

Зеленски ќе се сртене со Бајден и ќе се обрати пред Конгресот денес во Вашингтон


Белата куќа нагласи дека посетата ќе ја нагласи цврстата посветеност на САД за поддршка на Украина колку што е потребно, вклучително и преку обезбедување на економска, хуманитарна и воена помош
Белата куќа нагласи дека посетата ќе ја нагласи цврстата посветеност на САД за поддршка на Украина колку што е потребно, вклучително и преку обезбедување на економска, хуманитарна и воена помош

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денес доаѓа во Вашингтон да се сретне со претседателот Џо Бајден, објави Белата куќа.

Зеленски ќе се обрати и на заедничка седница на Конгресот.

„Претседателот Бајден го покани претседателот на Украина Володимир Зеленски да го посети Вашингтон за да ја нагласи трајната посветеност на САД кон Украина. Претседателот Бајден со нетрпение очекува да го пречека претседателот Зеленски во Белата куќа, по што претседателот Зеленски ќе се обрати на заедничката седница на Конгресот, покажувајќи ја силната, двопартиска поддршка за Украина“, соопшти Белата куќа.

Пред 300 дена, Русија започна брутален напад врз Украина. Како одговор, претседателот Бајден ги предводи државите во светот да го поддржат народот на Украина додека го брани својот суверенитет и територијален интегритет.

„За време на посетата, претседателот Бајден ќе објави значаен нов пакет безбедносна помош за да ѝ помогне на Украина да се одбрани од руската агресија“.

Белата куќа нагласи дека посетата ќе ја нагласи цврстата посветеност на САД за поддршка на Украина колку што е потребно, вклучително и преку обезбедување на економска, хуманитарна и воена помош.

XS
SM
MD
LG