Линкови за пристапност

Дали кандидатурата на Трамп може да ја засени ѕвездата во подем меѓу Републиканците Рон Де Сантис?


Експерти коментираат за кандидатурата на Трамп: Гувернерот на Флорида има голема популарност меѓу Републиканците и е можен фаворит

Поранешниот претседател Доналд Трамп објави дека се кандидира за претседател во 2024 година, среде конгресните избори на половина на мандатот на актуелниот претседател што не донесоа добивкаа за неговата Републиканска партија како што се очекуваше.

Тој вели дека има големи планови за втора администрација на Трамп.

Во говор што траеше речиси еден час во вторникот навечер, Трамп ги критикуваше неговите претходници; неговите критичари; властите кои вршат истрага за него, и печатот.

Тој исто така го повтори својот повик за построго полициско работење, опсежни изборни реформи за да се елиминира предвременото гласање и да се бара побрзо броење, построги мерки за имиграција, социјално поконзервативни закони и поголеми вложувања во армијата. Тој, меѓу другото вети дека, доколку биде избран, ќе постави американско знаме на Марс „многу скоро“.

Но, дали ќе може да го исполни тоа? Што велат експерти?

XS
SM
MD
LG