Републиканците се поблиску до освојување на контролата врз Претставничкиот дом во новиот Конгресот што ќе ја преземе функцијата во јануари.
Републиканците веќе имаат освоено 215 места наспроти 204 на демократите во потрагата на двете партии за мнозинство од 218 места во 435-члениот дом.
Но, изборните аналитичари велат дека пребројувањето на гласовите во преостанатите нерешени изборни трки главно се чини оти се во корист на републиканците, што на крајот би можело да им овозможи да ја одземат контролата врз Претставничкиот дом од сегашното демократско мнозинство.
Демократскиот претседател Џо Бајден го призна истото, велејќи им на новинарите на прес-конференцијата на Г-20 во Индонезија:
„Мислам дека ќе се приближиме во Претставничкиот дом. Мислам дека ќе биде многу блиску, но не мислам дека ќе успееме“, рече Бајден.
Демократите го обезбедија 50-то место во 100-члениот Сенат доцна во саботата, бидејќи сенаторката од Невада, Кетрин Кортес Масто, која се сметаше за најранливата демократка која бараше реизбор, тесно го надмина Адам Лаксалт, поранешен јавен обвинител во западната сојузна држава.