Линкови за пристапност

Џозеф: Северна Македонија треба од администрацијата на Бајден да побара поддршка за македонскиот идентитет на патот кон ЕУ


„Владата во Скопје мора сериозно да се зафати со борбата против корупцијата. Тоа ќе ја зголеми домашната поддршка за владејачката партија, за Владата, и ќе ги одврати опозициските сили кои навистина, не се за членство во Европската унија“, вели аналитичарот Џозеф.
„Владата во Скопје мора сериозно да се зафати со борбата против корупцијата. Тоа ќе ја зголеми домашната поддршка за владејачката партија, за Владата, и ќе ги одврати опозициските сили кои навистина, не се за членство во Европската унија“, вели аналитичарот Џозеф.

„Мислам дека нема да видиме промени во политиката на САД кон Балканот, или во доменот на финансиска поддршка по конгресните избори“, коментира Едвард Џозеф.

Американскиот експерт и добар познавач на Балканот од Универзитетот Џонс Хопкинс смета дека регионот треба да ја удвои соработката за поголема поддршка од актуелната администрација, со оглед дека исходот од конгресните избори, барем засега, не наведува дека ќе има драстични промени во курсот на надворешната политика во конгресните комисии.

Ед Џозеф за предизвиците на Балканот кон ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:34 0:00

За него, најголем предизвик во регионот во моментов е двојната игра на Србија.

„Најпроблематично прашање е однесувањето на Белград, кој одбива да ја прилагоди политиката кон онаа во ЕУ, иако е во преговори за членство, и продолжува да ја поддржува Русија. Тоа го стори во ОН во септември во Њујорк, која потпиша спогодба со Русија за зголемена соработка. Мора да му се предочи на српскиот претседател Вучиќ дека не може да ги уценува САД за предизвиците поради Косово. Тоа се одразува врз целиот Балкан“, смета Џозеф.

Запрашан, како Северна Македонија да се обедини околу евентуална промена на Уставот, услов, со цел да ги продолжи преговори за членство во ЕУ, зашто, во спротивно, би значело прекин на ЕУ - перспективата на земјата, Џозеф смета дека погледот треба да биде насочен кон Вашингтон: „Северна Македонија треба да се обрати до администрацијата на Бајден за поддршка и да побараат од Соединетите Држави да го потврдат македонскиот идентитет што САД можат да го направат во рамките на своето стратешко партнерство со Северна Македонија. Го објаснив ова во мојот напис за надворешната политика на САД, кој беше објавен во јуни“, истакна Џозеф.

Џозеф, потсетува дека властите во Скопје имаат и внатрешно-политички предизвици, а справувањето со нив, треба да ја приближи земјата до ЕУ.

Премиерот Ковачевски со претседателката на ЕК, дер Лајен при потпишувањето ФРОНТЕКС.
Премиерот Ковачевски со претседателката на ЕК, дер Лајен при потпишувањето ФРОНТЕКС.

“Друга работа е дека владата мора сериозно да се зафати со борбата против корупцијата. Ова ќе ја зголеми домашната поддршка за владејачката партија, за Владата, и ќе ги одврати опозициските сили кои навистина, не се за членство во Европската унија“, наведува американскиот експерт и добар познавач на Балканот од Универзитетот Џонс Хопкинс.

Глас на Америка: Како може да помогнат САД во спречување на натамошно руско влијание во регионот?

„Многу е едноставно. Тоа бара водење сериозна политика спрема Србија. САД мора да престанат да бидат манипулирани од Александар Вучиќ. Мора да престанат да го фалат и поддржуваат српскиот претседател, кој отворено ја усогласува неговата земја со Русија. Мора да престанеме да се залажуваме, како што изјави виш американски претставник во јули, дека Србија е на вистинската страна на историјата. Ова е лажно. Тоа само го охрабрува Вучиќ. Тој е примарна пречка за напредокот на Балканот, а може во спротивно да ја води својата земја кон нејзината судбина да биде дел од Европската унија, дури и во крајна линија, да биде дел од НАТО“, изјави Џозеф.

Тој е дециден дека по руската инвазија во Украина, веќе не може да се преправа кои земји се на страната на ЕУ, САД и НАТО, а кои земји се на страната на Русија.

XS
SM
MD
LG