Линкови за пристапност

Брукингс: Дронови заменуваат војници, технологија која се наметнува во руско-украинската војна


Војна меѓу роботски летала – иако звучи како научна фантастика, не е толку далеку од блиската реалност предупредуваат експерти во Вашингтон кои ги анализираат следните чекори во интензивираната руско-украинската војна, која веќе е во шестиот месец.

Според Самуел Бендет, аналитичар од Центарот за поморски анализи во Вашингтон истакна дека „Русија има капацитет да стрела со беспилотни летала врз мети на украинската цивилна инфраструктура, како што се електричните станици и топлинските Централи и другите елементи на инфраструктурата, со цел да се тероризира и принуди украинското население да изврши притисок врз владата во Киев да прифати примирје, под било која цена“.

Но, останува отвореното прашање - дали Русија е способна да набави стотици, а можеби дури и 1000 од овие беспилотни летала и да ги составува во Русија, и како всушност би се променил текот на оваа војна? – запрашаа аналитичарите. Овој јаз во способностите и капацитетот на што Русија ги има со муниција, исто така, можеби изложува значајни проблеми во сопствената домашна воена индустрија на Русија и конкретно одбранбениот индустриски комплекс посветен на производство на борбени беспилотни летала.

Според, Гевин Вајлд, одговорен за програма за технологија и меѓународен развој при Карнеги, вели дека „Русија била свесна дека ѝ е потребна оваа технологија, и ќе биде суштински дел од секоја војна во иднина, особено откако имаше искуства во 2020 година кога започна војната во Нагорно - Карабах, кога борбени беспилотни летала беа апсолутно неопходни за победата на Азербејџан“.

Денес има нови вести дека Русија можеби продолжила да набавува дополнителни дронови од Иран.

Се наметнува прашањето, какви ќе бидат руските способности, кога дури 1000 дронови со тешка муниција ќе можат да прелетаат стотици километри и да гаѓаат против цивилни цели?

Експертите заклучуваат дека има забрзана набавка од двете страни на комерцијални дронови.

Всушност, потсетуваат, и дека еден од руските воени генерали, генералот Бојарски, рече дека комерцијалниот квадро-коптер DJI е вистинската ѕвезда на оваа војна и ја подигнал артилеријата до нивоа на способност што не биле видени од Првата светска војна.

Урнат дрон во центарот на Киев.
Урнат дрон во центарот на Киев.

“Квадрокоптерите се апсолутно сеприсутни и широко распространети денес и имаат способност во обезбедување на ISR покриеност од неколку километри до неколку милји, изјави Жаклин Кер од Центарот за безбедност, стратегија и технологија - „Строуб Талбот“.

Институцијата Брукингс организираше он-лајн настан и се наврати на шесте месеци откако Русија го започна својот напад врз Украина, што го навести најголемиот голем воен конфликт во Европа од Втората светска војна.

Во последниве децении, новите технологии беа иновирани и зголемени со невидена брзина. Беа направени бројни предвидувања за тоа како новите технологии ќе се појават и ќе поминат на бојното поле во иднината, наведоа експерти.

Дали природата на војната фундаментално се промени? Кои се најлесно операционализирани технологии? Што научивме од изминатите шестмесечна војна во Украина за употребата на новите технологии како хипер-соника, беспилотни летала, муниција за лутање и барање мети, електронско војување и кибернетско оружје и дезинформации? – ова се прашањата кои беа начнати од експертите.

Тие потсетија дека Украина почна прва да разгледува планови за дронови за воена намени.

Според нив, двете страни користат софистицирано оружје, особено во доменот на дронови. Но, засега, поради големата воздушна територија, невозможно е таа да се покрие со беспилотни летала.

XS
SM
MD
LG