Линкови за пристапност

Русија изврши напади врз Киев, голем дел од градот без вода и струја


Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер напиша дека„наместо да се бори на бојното поле, Русија се бори со цивили
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер напиша дека„наместо да се бори на бојното поле, Русија се бори со цивили

Руски напади погодија повеќе украински градови денес, меѓу кои главниот град Киев, а украинските власти рекоа дека меѓу целите се и инфраструктурни објекти.

Украинската армија објави на Телеграм дека нападите биле извршени со повеќе од 50 крстосувачки ракети во неколку бранови.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека нападите во главниот град го прекинале снабдувањето со електрична енергија и вода во делови од градот.

Кирило Тимошенко, заменик-шеф на украинското претседателство, рече дека руски проектили биле насочени кон „електрични инсталации во голем број украински региони“.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер напиша дека „наместо да се бори на бојното поле, Русија се бори со цивили. Русија го прави ова затоа што сè уште има проектили и волја да убива Украинци“.

Украина не го потврди или негираше нападот на руската флота, што Русија во саботата ја наведе како причина за суспендирање на учеството во иницијативата за жито предводена од ОН.

Пред три недели, Русија изведе широки ракетни напади врз украинските градови по бомбардирањето на клучниот мост што го поврзува Крим со Русија.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG