Линкови за пристапност

Жестока осуда на руската агресија – порака од првиот Парламентарен самит на Кримската платформа

„Ќе биде зад Украина, се до победата“, изјави Ненси Пелоси, спикерка на Претставничкиот дом на САД на Самитот во Загреб.

„Сите што сме овде потврдуваме дека сме со Украина и со украинскиот народ признавајќи ја неговата храброст, како и со Крим и со останатите области кои Русија се обиде незаконски да ги анектира. Така ќе биде се до победата, тоа ќе го правиме, се до победата.“, изјави Ненси Пелоси, спикерка на Претставничкиот дом.

Ова беше една од клучните пораки испратени од првиот Парламентарен самит на Кримската платформа што се одржува во Загреб. 42 делегации од 32 земји ја потврдија поддршката за Украина истовремено осудувајќи ја руската агресија која трае од февруари.

„Првата порака е дека Крим е Украина, исто како што Лугански Доњецк и сите привремено окупирани области. Втората порака е дека вие, како парламентарци, давате поддршка на вашите украински колеги во Врховната рада. Третата порака е дека денеска сме овде за да го поддржиме светскиот поредок базиран на меѓународното право.“, изјави Андреј Пленковиќ.

Поддршка за Украина од Кримскиот самит во Загреб
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

Кримската платформа, која минатата година беше иницирана како формат за меѓународна соработка и координација на напорите за мирно враќање на Крим на Украина, сега добива пошироки димензии во ситуација на севкупна руска агресија.

„Руската окупација почна со Крим пред 8 години. Сега нема земја на светот која е ги нема почувствувано ефектите на оваа агресија... Руската окупација на Крим доведе до жртви, уништување и таа беше вовед во целосната руска агресија.“, истакна Володимир Зеленски, претседател на Украина.

На овој прв парламентарен самит учествуваше и Северна Македонија која целосно се приклучи во осудите, но и санкциите против Москва. „Мора да се заштитат нашите заеднички вредности“, изјави спикерот Талат Џафери.

„Ова е порака од демократскиот свет против насилно наметнатиот руски поредок и силен знак дека неповредливоста на меѓународно признатите граници, како и нашите заеднички вредности - основните човекови права и слободи, мора и ќе се заштитат.“, заклучи, претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери.

Од регионот забележливо е отсуството на Србија на Самитот во Загреб. Според хрватските коорганизатори покана била пратена до Белград, но одговор немало. Од почетокот на војната, Србија реши да не се приклучи на санкциите на ЕУ против Русија за што е постојано критикувана од Брисел и од главните европски престолнини.

XS
SM
MD
LG